Пребарување

Анкета

Гостување на проф. Carlos Brebbia, UK

Деканатот на Градежниот факултет има особена чест и задоволство да Ве покани на предавањето на визитинг професорот Carlos Brebbia, во организација на Градежниот факултет и Комората на ОАИ, на ден 24.11.2016 год. (четврток), со почеток во 15:30 часот. За просторијата ќе добиете дополнително известување, во зависност од бројот на заинтересирани учесници (амфитеатар на ГФ или сала во КОАИ).

Професорот Carlos Brebbia е директор на Wessex Institute of Technology, во Велика Британија. Во светот е познат како креатор на Boundary Element Method (методата на гранични елементи), нумеричка техника за решавање на многу проблеми во инженерството. Автор е на огромен број научни трудови. Се јавува како автор или коавтор на 14 технички книги, и издавач на повеќе од 400 книги.
Интересите на професорот се протегаат од анализа на сложени конструкции, како што се лушпестите конструкции) до моделирање на проблеми од животната средина, користејќи различни видови на методологии.
Подетални информации за професорот Carlos Brebbia може да се најдат во неговата биографија, која ја испраќам во прилог.

Предавањето на професорот е насловено „BEM from theory to reality" (Методата на гранични елементи од теорија до реалност) и е отворено за членовите на Комората за ОАИ (особено одделението за градежништво и машинство), како и за заинтересираните студенти на вториот и третиот циклус на Градежниот факултет.
Предавањето ќе се состои од:
- Вовед за Wessex Institute of Technology (http://www.wessex.ac.uk)
- Развојот на методите на гранични елементи
- Компјутерски програм BEASY (http://www.beasy.com)

Ве очекуваме со своето присуство да го збогатите овој настан!

Последна промена ( 15.11.2016 )
 
Одбрана на магистерска
 
 
 
 
 

Соопштение


На ден 10.11.2016. (четврток), со почеток во 11.00 часот во Салата за состаноци при Градежниот факултет во Скопје , Ивана Недевска дипл.град.инж. јавно ќе ја брани магистерската работа под наслов :

,,Компаративна анализа на пропусна можност и капацитет на површински и денивелирани патни јазли според НСМ – методата


 

 

Последна промена ( 01.11.2016 )
 
Одбрана на магистерска

На ден 12.10.2016. (среда), со почеток во 12.00 часот во Салата за бр. 2 при Градежниот факултет во Скопје , Ристе Волчев дипл. град. инж. јавно ќе ја брани магистерската работа под наслов :

 

„Примена на системи за базна изолација кај нерегуларни конструкции во основа“

Последна промена ( 04.10.2016 )
 
Одбрана на магистерска


На ден 18.11.2016. (петок), со почеток во 14.00 часот во Салата за состаноци при Градежниот факултет во Скопје, Ванче Стоилков дипл.геод.инж. јавно ќе ја брани магистерската работа под наслов :


,,Примена на сателитско позиционирање во геодетската оскултација на свлечишта”

Последна промена ( 14.11.2016 )
 
Повик за пријавување на учесници

 

mens.png

Повик за пријавување на учесници на третиот бесплатен курс за „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ за дипломирани инженери и архитекти, кој ќе започне на 15.10.2016

 

За да се пријавите за учество на курсевите на „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“ и за додатни информации посетете го порталот www.mens-nzeb.eu.

За да можете да аплицирате за курсот ќе треба да се регистрирате на порталот, а потоа да се најавите на порталот (преку e-mail адреса и лозинка).

По успешно завршување на курсот, учесниците ќе добијат сертификат како потврда за нивните вештини и целосно разбирање на NZEB концептот кој се применува кај нас и во земјите на ЕУ, како и вештини кои се неопходни приNZEB трансформацијата на зградите во ЕУ.

Последна промена ( 04.10.2016 )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 88
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија