Пребарување

Нов софтвер за електронска евиденција на студенти

Во тек е постапка за имплеменатција на софтвер за електронска евиденција на податоци на ниво на УКИМ со цел да се припреми целосна електронска евиденција за студентите, вработените, просторот и за други аспекти за успешно функционирање на Универзитетот.

 
Обезбедни лап топ компјутери за дел од кадарот на ГФ

Во периодот од септември до ноември 2011 година, со цел да се створат услови за поуспешна реализација на наставата и полесна научна работа, со користење на средства од сопствената сметка на Градежен факултет и со средства од Темпус проектот под водство на Проф. д-р Ванчо Георгиев, 15 наставници, соработници и компјутерскиот центар, се обезбедени со LAPTOT преносни компјутери.

Свечено предавање на лап топ компјутери
на дел од вработените

Последна промена ( 25.11.2011 )
 
Меѓународен симпозиум на тема - Брани

На ден 17.11.2011 во организација на Македоноскиот и Словенечкиот Комитети за Големи Брани се одржа Меѓународниот Симпозум “Брани- современи искуства од истражувањето, проектирањето, градбата и експлоатацијата”.
Градежниот факултет ја помогна манифестацијата со уплата на котизации и со човечки ресурси кои помогнаа во реализација на овој настан.


 

 
Изложба на постери од научно-истражувачки проекти

На ден 09.11.2011 година, а по повод Денот на науката, во просториите на Ректоратот беше одржана изложба на постери од научно-истражувачки проекти, каде Градежниот факултет беше преставен со постер поврзан со проектот “Нумеричко моделирање на порозни средини за испитување на тек и транспорт на контаминанти” од главниот истражувач доц. д-р Тодорка Самарџиоска.

 

Последна промена ( 24.11.2011 )
 
Испечатена книгата на проф. д-р Зоран Кракутовски

Издавачката куќа ÉDITIONS UNIVERSITAIRES EUROPÉENNES ја прифати за печатење книгата на нашиот проф. д-р Зоран Кракутовски под наслов Analyses et projections de la mobilite urbaine a long terme par l’approche demographique.


Деканатот смета дека ова е вистински начин за презентација на нашата куќа,
за што изразува посебна благодарност и честитки кон проф. д-р Зоран Кракутовски.
 

 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 Следна > Крај >>

Резултати 109 - 117 од 119
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија