Пребарување

Изложба на постери од научно-истражувачки проекти

На ден 09.11.2011 година, а по повод Денот на науката, во просториите на Ректоратот беше одржана изложба на постери од научно-истражувачки проекти, каде Градежниот факултет беше преставен со постер поврзан со проектот “Нумеричко моделирање на порозни средини за испитување на тек и транспорт на контаминанти” од главниот истражувач доц. д-р Тодорка Самарџиоска.

 

Последна промена ( 24.11.2011 )
 
Испечатена книгата на проф. д-р Зоран Кракутовски

Издавачката куќа ÉDITIONS UNIVERSITAIRES EUROPÉENNES ја прифати за печатење книгата на нашиот проф. д-р Зоран Кракутовски под наслов Analyses et projections de la mobilite urbaine a long terme par l’approche demographique.


Деканатот смета дека ова е вистински начин за презентација на нашата куќа,
за што изразува посебна благодарност и честитки кон проф. д-р Зоран Кракутовски.
 

 
Реновирана салата за пинг-понг

На ден 4.11.2011 година, свечено е отворена реновираната сала за пинг-понг.
За иницијативата и залагањето, Деканатот изразува посебна благодарност кон проф. д-р Атанас Филиповски.


Свечено обраќање на
Проф. д-р Атанас Филиповски,
по повод пуштање на реновираната хала за пинг-понг

 

Последна промена ( 24.11.2011 )
 
Тренинг школа во рамките на програмата COST

Од 3-ти до 5-ти ноември 2011 година, во Салата за состаноци при Градежниот факултет се одржа тренинг школата “ Deepening the Knowledge in The Field of Polymer Nanomaterials for Food Packaging and Other Potential Uses: Theory and Practice” во рамките на европската програма COST FA0904 “Eco-sustainable food packaging based on polymer nanomaterials”.
Со главниот организатор од Италија, г-ѓа Клара Силвестре, беа договoрени чекори за идни активности на поле на COST акциите.
 

 
Предавање на проф. д-р Огњен Боначи



На 27 и 28.10.2011 година, од страна на светски признатиот стручњак проф. д-р Огњен Боначи од Универзитетот во Сплит, Р.Хрватска е одржано тематско предавање под наслов: “Климата и климатските промени со посебен осврт на Балканот“.
Настанот беше одржан по иницијатива на Проф. д-р Цветанка Поповска, а во организација на Градежниот Факултет, UNDP, Друштвото за хидрологија на Македонија, како и Националниот комитет на IUGG
(International Uniou of Geodesy and Geophisycs).
 

 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 Следна > Крај >>

Резултати 118 - 125 од 125
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија