Пребарување

Анкета

ОКТА објавува конкурс за практиканти

СООПШТЕНИЕ
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со
Градежен факултет – Скопје

Услови за аплицирање:
1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии
2. Студентот да биде од некој од следниве смерови: Геотехника, Геодезија и Градежништво-Конструктивна насока
3. Студентот да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење
4. Студентот да има средно или високо познавање на Англиски јазик
5. Студентот да има познавање на компјутерски вештини-Microsoft Office и AutoCAD.

Број на потребни практиканти: 1

Времетраење на пракса:
Практикантите ќе бидат континуирано присутни на пракса во ОКТА, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 01.07.2015 год.

Обврска на практикантот:
- да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
- континуирано да води дневник за текот на праксата.
- задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

Обврска на компанијата:
- да му обезбеди ментор на практикантот.
- да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
- да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете _______________________________.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.


Огласот е отворен најдоцна до 25.06.2015год.

Последна промена ( 22.06.2015 )
 
Erazmus+ 2015/2016

Во врска со реализацијата на Erazmus+ програмата за учебната 2015/2016, ве известуваме дека Конкурсот за мобилност на студенти и наставен кадар ќе биде објавен во почетокот на септември 2015 година. Значи, студентите ќе можат да аплицираат за мобилност само во летниот семестар за термин јануари-јуни 2016 година. Наставниот кадар ќе може да реализира мобилност во периодот од 15 октомври 2015 до јуни 2016 год.

Сите информации во врска со програмата можете да ги најдете овде.

Конкурсот ќе биде објавен кон крајот на август 2015 и на веб страните на факултетите во склоп на УКИМ.

Еразмус координатор за Градежен факултет,
вонр. проф. д-р Тодорка Самарџиоска

Последна промена ( 12.05.2015 )
 
Покана за промоција на магистри и дипломци

 

ПРОТОКОЛ ЗА 22-05-2015 ГОДИНА (петок)
ПРОМОЦИЈА НА МАГИСТРИРАНИ И ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ

10.00 ПОТПИШУВАЊЕ ВО КНИГАТА НА ДИПЛОМИРАНИ И МАГИСТРИРАНИ СТУДЕНТИ (во студентска служба)

11.00 СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА (Амфитеатар)

КОКТЕЛ

Се молат студентите да се придржуваат кон протоколот и да го запаметат бројот на дипломата кој може да се види на ковертот.


Последна промена ( 24.04.2015 )
 
Конкурс за награда "Св.Кирил и Методиј"

Одборот за доделување на наградата "Св.Кирил и Методиј" објавува Конкурс за доделување на наградата "Св.Кирил и Методиј" за 2015 година. Конкурсот можете да го преземете тука.

 
Почнува постапка за избор на декан на ГФ

Одлука за започнување на постапка за избор на декан на Градежниот факултет во Скопје за мандатниот период 2015-2019 год.

Последна промена ( 17.03.2015 )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 28 - 36 од 100
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија