Повик за пријавување на учесници
Translation not available yet!

 

mens.png

Повик за пријавување на учесници на третиот бесплатен курс за „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ за дипломирани инженери и архитекти, кој ќе започне на 15.10.2016

 

За да се пријавите за учество на курсевите на „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“ и за додатни информации посетете го порталот www.mens-nzeb.eu.

За да можете да аплицирате за курсот ќе треба да се регистрирате на порталот, а потоа да се најавите на порталот (преку e-mail адреса и лозинка).

По успешно завршување на курсот, учесниците ќе добијат сертификат како потврда за нивните вештини и целосно разбирање на NZEB концептот кој се применува кај нас и во земјите на ЕУ, како и вештини кои се неопходни приNZEB трансформацијата на зградите во ЕУ.

Last Updated ( Tuesday, 04 October 2016 )
 
Соопштение и Конкурс за Еразмус+ за 2016/17
Translation not available yet!

Конкурс за мобилност на студенти и наставници во рамките на Еразмус+ програмата за академската 2016-2017 година.
 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ, ДА СЕ ЈАВАТ ВО ВТОРНИК НА 20.09.2016 ГОД. ВО 13 ЧАСОТ ВО САЛАТА ЗА СОСТАНОЦИ НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ЗА КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК.
                                                           
проф. д-р Тодорка Самарџиоска
 
Last Updated ( Saturday, 17 September 2016 )
 
Бесплатен курс-Згради со енергија до нула
Translation not available yet!

 Повик за пријавување на бесплатен курс со наслов "Згради со енергија блиску до нула" за дипломирани инженери и архитекти кој ќе започне на 7.05.2016 година. Целиот текст погледнете го тука.

Last Updated ( Thursday, 29 September 2016 )
 
Предавање на проф. Ахмет Сагламер од Истанбул
Translation not available yet!

СООПШТЕНИЕ


Ве известуваме дека проф. д-р Ахмет Сагламер од Истанбулскиот Технички Факултет-Република Турција ќе одржи предавање на ден 14.02.2016 во 12 часот во Амфитеатарот на Градежниот факултет, под наслов:

'' Lateral Earth Pressures and Deep Excavations''

 
Отворен ден на УКИМ
Translation not available yet!


На 15. IV 2016 година (петок) од 10-17ч. се организира Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. Централниот настан е предвиден да се одржи на платото пред Ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Посетителите ќе имаат можност непосредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, мисија и визија. Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но е и убава можност за сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.

Last Updated ( Thursday, 07 April 2016 )
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Results 28 - 36 of 111
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија