Пребарување

Анкета

Георекс 2014

Градежниот факултет-Скопје во соработка со CEI Cooperation Fund го организираат VIII по ред регионален конгрес на студенти од геотехнолошките факултети - ГЕОРЕКС 2014. Повеќе информации можете да најдете на официјалната веб страна на конгресот.

Последна промена ( 05.05.2014 )
 
Интервју со Деканот на Градежниот факултет

Во рамките на новиот број од списанието "Матурант", свое интервју даде Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јовановски Милорад.

Во разговорот се зборува за структурата на студиските програми и се поголемиот интерес за истите; за новиот систем на студирање (3+2+3 години); за соработката на факултетот со домашните и меѓународните институции и големиот број на можности за вработување на завршените кадри на Градежниот факултет. Интервјуто во целост можете да го превземете тука.

Последна промена ( 05.05.2014 )
 
Изминати случувања и активности на факултетот

-На ден 28.03.2014 година имавме чест како гостин предавач да биде присутен проф. д-р Томо Церовшек од Универзитетот од Љубљана Р Словенија со презентација: BIM lifecycle case study: campus project.

-На ден 2.04.2014 година во заедничка организација со фирмата ЖИКОЛ, а поврзано и со одредбите од ЗВО за одржување на предавања од практичари, се одржа предавање под наслов “Пасивни објекти – и кај нас се може“.
На предавањата присуствуваа студенти и од нашиот и од АФ, а цел настан помина во исклучително добра атмосфера. Деканатот се заблагодарува на сите кои помогнаа во организацијата, а посебно на фирмата Жикол.

-Градежниот факултет од сосптвени средства согласно на условите за тендерската постапка за набавка на лабораториска опрема, веќе е испорачана термовизиска камера со која се комплетира лабораторијата за енергетска ефикасност.
Исто така, набавенна е и универзална преса кидалица со додаток за испитување и на бетон.

-На 137 седница на ДУ одржана на 7.04.2014 година. Се донесе Одлука за припрема на материјали и за одржување на Семинари, и тоа врз основа на потпишан Меморандум за соработка и прифатена понуда од КОАИ.

-На ден 8.04.2014, во редовните активности на ГФ, од страна на истакнати стручни лица од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообракај, се одржаа предавања под наслов “Железничката инфраструктура во Р Македонија, перспективи и развој”. На настанот присуствуваа голем број на студенти но и истакнати гости од Град Скопје, Македонски железници и Министерство за транспорт и врски.

- Во периодот од 8.04. до 11.04.2014 Факултетот беше домаќин на визитинг проф. Хајнц Брандл од Техничкиот универзитет во Виена, кој одржа серија на исклучително интересни предавања на теми
1.Длабоко фундирање со кутиести темели
2.Геотермални конструкции, енергетски темели и енергетски тунели
3.Конструции за заштита на нестабилни косини
Овие предавањето поминаа во одлична атмосфера и побудија интерес за дискусија како кај студентите, така и кај стручните лица. Коорганизатори на настаните заедно со ГФ беa КОАИ и Друштвото за геотехника на Македонија.

 
Конкурс за Еразмус+

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

На конкурсот можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку во втора година на студии.

За конкурирање неопходно е познавање на странски јазик, а оние кои немаат интернационално призната диплома за тоа, треба да полагаат контролен испит. Tермините на одржување на контролните испити по странски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, се следни:

- англиски јазик - 24, 25, 28, 29 и на 30 април 2014 г. од 11 часот; од 5 до 9 мај и од 12 до 15 мај од 11 часот

- германски јазик - 25 април и на 6 мај 2014 г. од 11 часот

 

- италијански јазик - 28 април и 5 мај 2014 г. од 11 часот

 

- француски јазик - 7 мај 2014 г. од 11 часот

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.

По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка.

За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, заинтересираните да се обратат во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Контакт-телефон: 02 32 40 436


Конкурс за академската 2014/2015 год.
Координатор-Методиј Зајкоски

Последна промена ( 30.04.2014 )
 
Меморандум за соработка со БЕСТ

Во прилог:

1. Меморандум за соработка помеѓу Градежниот факултет-Скопје и Борд на Европски Студенти по Технологија-Скопје

2. Job-Fair 2014

 

Последна промена ( 11.03.2014 )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 37 - 45 од 95
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија