Пребарување

Анкета

Случувања и активности во рамки на факултетот

Во изминатиов период, се остварија низа активности поврзани со работата на Градежниот факултет.

* Од страна на општина Центар се доделени 5 клупи за поставување во паркот пред ГФ.

* Се одржаа дел од Семинарите за обука поврзани со Еврокодовите со знатен интерес од голем број учесници.

* На годишниот собир на КОАИ, наградата проф. д-р Александар-Цане Ангелов ја доби колегата проф. д-р Грозде Алексовски.

* Започнат е процесот на акредитација на лабораториите.

* На ден 19.12.2014 година се одржа Годишното собрание на Здружението за големи брани, кое помина во добра работна атмосфера, а на него повикано предавање одржа гостин од Италија.

* На ден 25.12.2014 година се одржа Годишното собрание на Друштвото за геотехника, на кое се востановени одредени награди за достигнувања на ова поле.

* Потпишан е Меморандум за соработка со Словенскиот институт за води.

* Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот Св.”Кирил и Методиј”, Градежен факултет со Институт за животна средина, градежништво и енергетика и Градежен институт “Македонија”.

* Формиран е Клуб на стручни здруженија од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката. За негово функционирање е доделена просторија во бараката на ГФ.

* Припремен е 5-тиот број на списанието SJCE во издание на ГФ кој е поставен на WEB страната на ГФ.

Последна промена ( 13.01.2015 )
 
Меморандум за соработка помеѓу ГФ,ГИМ и ИЖСГЕ

Градежниот факултет-Скопје, Институтот за истражувања во животна средина градежништво и енергетика-Скопје и Градежниот институт "Македонија" АД-Скопје на 24 декември 2014 год. склучија меморандум за соработка.

Последна промена ( 12.01.2015 )
 
Меморандум за соработка помеѓу ГФ Скопје и ИВ Љубљана

Градежниот факултет-Скопје и Институтот за вода на Република Словенија на 12 Декември 2014 год. потпишаа меморандум за соработка.

 
Покана за презентација

Ве покануваме на презентација на фирмата ГДИ ГИС Дата која ќе се одржи на ден 19.11.2014 година со почеток во 11 часот во Салата за состаноци на Градежниот факултет.

Наслов на презентацијата е:
„Презентација на ГДИ Гисдата за примена на ГИС технологии во различни индустрии“.

 
Меморандум за соработка помеѓу ГФ Скопје и ГАФ Ниш

На ден 26.9.2014 година во Скопје, беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Градежниот факултет од Скопје и Факултетот за градежништво и архитектура од Ниш.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 54 од 111
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија