Пребарување

Анкета

Меморандум за соработка со ДООЕЛ Жикол

Градежниот факултет-Скопје и Друштвото за градежништво и трговија "Жикол" ДООЕЛ на 21 Февруари 2014 год. потпишаа меморандум за соработка.

Последна промена ( 21.02.2014 )
 
Промовирана нова лабораторија на факултетот

Градежниот факултет во Скопје доби лабораторија за испитување топлотна и звучна изолација на градежни материјали, во која Владата вложи околу 300.000 евра. Во тек е постапка за нејзина акредитација, која се очекува да заврши до крајот на годинава, што ќе овозможи лабораторијата освен за научноистражувачки, да се користи и за комерцијални цели.

Ќе му носи приходи на самиот факултет и на Универзитетот, а истовремено ќе му овозможи и на приватниот сектор да врши разни видови проверки на нивните производи. Тоа може да биде производител или некоја градежна фирма која купува градежни изолациони материјали за да ги вгради во објектот што го гради, па сака да провери колкава е топлотната и звучната спроводливост на изолацискиот материјал.

Ваква лабораторија речиси нема во поширокиот регион, освен една постара верзија во соседна Бугарија, но прилично постара и со помалку перформанси од оваа лабораторија што ја набави Владата, изјави премиерот Никола Груевски, кој денеска ја промовира лабораторијата заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Проф. д-р Тодорка Самарџиоска од катедрата за техничка механика и јакост на материјалите појасни дека лабораторијата има апарат за мерење топлотна спроводливост на градежни материјали кои се користат како термоизолациски во градежништвото и на конструктивни елементи во теренско мерење, т.е. на веќе изградени објекти ќе може да се провери коефициентот на топлотна спроводливост на фасадните ѕидови, пропишан во Правилникот за енергетски карактеристики на зградите. Со инструментот за мерење звучната изолација на објектите, пак, ќе може да се пресмета изолациската моќ на преградни ѕидови меѓу станови или во склоп на еден стан. Тие ќе му послужат на стопанството, особено на производителите на градежни материјали, за сертифицирање на квалитетот на материјалите што ги изработуваат, рече Самарџиоска.

Последна промена ( 29.01.2014 )
 
Започна процесот на евалуација на Универзитетот

Последна промена ( 27.01.2014 )
 
45 години од основање на Друштво за патшта

На Градежниот факултет во Скопје на 09 Јануари 2014 год., со низа свечености и стручни советувања се одбележа јубилејот – 45 години од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија.

На свеченото одбележување на овој јубилеј присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за образование и наука Спиро Ристовски, претсeдaтелот на Друштвото за патишта на Република Македонија Горан Мијоски, деканот на Градежниот факултет Милорад Јовановски, како и голем број членови на оваа асоцијација и гости.
Претседателот на Друштвото за патишта на Р. Македонија Горан Мијоски, во своето обраќање се задржа на историјатот на ова здружение, неговата досегашна работа и неговото значење во развојот на градежништвото во Република Македонија.
Честитајќи им го јубилејот, премиерот Груевски кажа дека развиената патна инфраструктура е важна за економскиот развој на една држава. „Добрата патна инфраструктура ја зголемува продуктивноста и трговијата, отвора работни места, овозможува развој на туризмот и создава дополнителни можности за економски раст“, потенцираше премиерот.

Како дел од свеченостите за одбележување на овој јубилеј беа доделени и признанија за институции и поединци кои во изминатиот период имаат оставено белег во патоизградбата. Така, Златна плакета, највисокото признание на Друштвото за патишта на Република Македонија, им беше врачена на претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, и на министрите за образование и наука и за транспорт и врски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Друштвото за патишта на Р. Македонија додели признание и на Град Скопје за „Исклучителен развој на градските сообраќајници”, а наградата ја прими претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Златна плакета им беше доделена и на Градежниот факултет во Скопје, на Јавното претпријатие за државни патишта, на Јавното претпријатие „Македонија пат“, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, беа доделени и признанија за поединечни заслуги во развојот на патоизградбата. Постхумно му беше доделена на Александар Методиев Лепавцов (1938-2008), прв доктор на науки од областа на патиштата во Македонија, и министер за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија во првата експертска влада на независна Македонија. Признанието го прими неговиот син Андреј Лепавцов, амбасадор во мисијата на ЕУ.

Другите поединечни признанија ги добија професорите Радојка Дончева, Павле Стојменов, Орхан Авдовиќ и Спасен Ѓорѓевски од Градежниот факултет, професорот Вулнет Палоши од Државниот универзитет во Тетово и Димче Босилков, секретар во Друштвото за патишта на Република Македонија и раководител на одделението за транспорт во компанијата „Балкан консалтинг“.

Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), како стручна асоцијација на градежните инженери од областа на патиштата, е основано кон крајот на 1967 и почетокот на 1968 година, а прв претседател бил дипломираниот градежен инженер Младен Николовски. Друштвото за патишта на Р. Македонија е доброволно, стручно професионално, непрофитно здружение (асоцијација) на граѓани.

Последна промена ( 13.01.2014 )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 54 од 100
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија