Пребарување

Анкета

Свечено доделување дипломи

На 23 мај 2013 година од 11 часот во Амфитеатарот на Градежниот факултет свечено ќе се доделат дипломите за дипломирани и магистрирани студенти на градежништво, геодезија и геотехника.

На прославата ќе се доделат награди за дипломиран студент со највисок просек и најуспешно изработена дипломска работа.

Агенда на настанот

10 и 30 часот
потпишување во матичната книга на дипломирани/магистрирани

11 часот
започнува манифестацијата

ИНТОНИРАЊЕ НА ХИМНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и на УНИВЕРЗИТЕТОТ СВЕТИ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

11 часот И 5 МИНУТИ

СВЕЧЕНО ОБРАЌАЊЕ НА ДЕКАНОТ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ДО ГОСТИТЕ, СТУДЕНТИТЕ И СИТЕ ПРИСУТНИ

11 часот И 15 МИНУТИ

OБРАЌАЊа ОД ПРИСУТНИТЕ ПОЧЕСНИ ГОСТИ

11 часот И 25 МИНУТИ:

ЦЕРЕМОНИЈАта ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА награди

11 часот И 30 МИНУТИ:

ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ

12 ЧАСОТ
КРАЈ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА

12 часот И 15 МИНУТИ
КОКТЕЛ ВО ПАРКОТ ПРЕД ФАКУЛТЕТОТ

 

 
Меморандум за соработка со центарот за обука на пилоти

- На ден 15.04.2013 година, во просториите на Градежен факултет беше одржан семинар под наслов Preparation of Studies for Development of Strategic Multimodal Transport Nodes. На семинарот присуствуваа голем број наши професори, гости предавачи од странство, претставници на надлежни Министерства и други гости. Презентациите беа извршени од страна на г-дин Рене Кист.

- Иститот ден е одржанa e работилница поврзано со DAAD проект Заеднички студии-заедничка диплома во кој треба да учествуваат 9 Универзитети.

-Градежниот факултет попиша Меморандум за соработка со центарот за обука на пилоти. За обука на овој центар може да се пријават сите дипломирани инженери од сите факултети.


 

 
Интервју со деканот

Списанието „Матурант“ објави интервју со деканот на Градежен факултет - Скопје проф д-р Милорад Јовановски. Интервјуто е превземено со согласност на списанието „Матурант“. За да го видите интервјуто кликнете тука.

Последна промена ( 30.04.2013 )
 
Нова лобораториска опрема

Градежниот факултет со сопствени средства набави опрема за лабораторијата за геодезија и лабораторијата за бетон.
Се работи за најсовремена опрема за геодетски мерења како ГНСС ровер, комплетна опрема за подршка на ГНСС мерењата, тотална станица со висока точност и соодветна придружна опрема за тоталната станица.Во склоп на опремата фирмата GEOWILD MAC донира оптички нивелир Leica Jogger.




Лабораторијата за бетон, пак, е опремена со испитување на целосна опрема за испитување на гранулометрискиот состав на агрегатот по методот на сеење, потоа комплет опрема за определување на запреминска маса и абсорпција на вода на ситен агрегат, како и комплет опрема за определување на запреминска маса на крупен агрегат и бетон по методот на хидростатичка вага.

Последна промена ( 28.04.2013 )
 
Ден на кариера

Последна промена ( 24.04.2013 )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 73 - 81 од 111
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија