Пребарување

Анкета

Одбрана на магистерска

На ден 12.10.2016. (среда), со почеток во 12.00 часот во Салата за бр. 2 при Градежниот факултет во Скопје , Ристе Волчев дипл. град. инж. јавно ќе ја брани магистерската работа под наслов :

 

„Примена на системи за базна изолација кај нерегуларни конструкции во основа“

Последна промена ( 04.10.2016 )
 
Одбрана на магистерска


На ден 18.11.2016. (петок), со почеток во 14.00 часот во Салата за состаноци при Градежниот факултет во Скопје, Ванче Стоилков дипл.геод.инж. јавно ќе ја брани магистерската работа под наслов :


,,Примена на сателитско позиционирање во геодетската оскултација на свлечишта”

Последна промена ( 14.11.2016 )
 
Повик за пријавување на учесници

 

mens.png

Повик за пријавување на учесници на третиот бесплатен курс за „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ за дипломирани инженери и архитекти, кој ќе започне на 15.10.2016

 

За да се пријавите за учество на курсевите на „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“ и за додатни информации посетете го порталот www.mens-nzeb.eu.

За да можете да аплицирате за курсот ќе треба да се регистрирате на порталот, а потоа да се најавите на порталот (преку e-mail адреса и лозинка).

По успешно завршување на курсот, учесниците ќе добијат сертификат како потврда за нивните вештини и целосно разбирање на NZEB концептот кој се применува кај нас и во земјите на ЕУ, како и вештини кои се неопходни приNZEB трансформацијата на зградите во ЕУ.

Последна промена ( 04.10.2016 )
 
Соопштение и Конкурс за Еразмус+ за 2016/17

Конкурс за мобилност на студенти и наставници во рамките на Еразмус+ програмата за академската 2016-2017 година.
 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ, ДА СЕ ЈАВАТ ВО ВТОРНИК НА 20.09.2016 ГОД. ВО 13 ЧАСОТ ВО САЛАТА ЗА СОСТАНОЦИ НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ЗА КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК.
                                                           
проф. д-р Тодорка Самарџиоска
 
Последна промена ( 17.09.2016 )
 
Бесплатен курс-Згради со енергија до нула

 Повик за пријавување на бесплатен курс со наслов "Згради со енергија блиску до нула" за дипломирани инженери и архитекти кој ќе започне на 7.05.2016 година. Целиот текст погледнете го тука.

Последна промена ( 29.09.2016 )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 10 - 18 од 95
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија