Пребарување

Анкета

Учества на симпозиуми, конгреси, состаноци

Наша делегација на 9 и 10.09.2012 година присуствуваше во Охрид на ТЕМПУС проект кој го води Универзитетот од Битола.


Повеќе претставници на Градежниот факултет учествуваа на 15. светска конференција за земјотресно инженерство (15WCEE) што се одржа во Lisabon од 24-28 семптември 2012 год. Од факултетот присутни беа проф. д-р Светлана Петковска Ончевска, проф. д-р Елена Думова-Јованоска, доц. д-р Сергеј Чурилов и ас. м-р Коце Тодоров. Тие ги изложија своите трудови преку усна презентација, електронски постер и стандарден постер.

Скоро во исто време, во оd 19-21.09.2012 во Guimaraes, Португалија се одржа Осмиот Интернационален Симпозиум за ФИБЕР армиран бетон BEFIB 2012, организиран од Светската асоцијација на лаборатории RILEM, Инернационалната организација за бетон FIB и Американскиот институт за бетон ACI. На оваа манифестација зедоа учество доц. д-р Тони Арангеловски и ас.м-р Дарко Наков со вкупно 3 труда.


Наши претставници присуствуваа и на 14-Симпозиум за инженерска геологија и геотехника кој се одржа во Белград Србија на 4.10.2011 година со свои трудови.



Во организација на Македонското геолошко друштво се одржа вториот конгрес на геолозите на македонија каде наши претставници присуствуваа со свои трудови. Сите претходни активнсоти се помогнати до максимум од факултетот.


Проф. д-р Е.Думова, доц. д-р Јосиф Јосифовски и доц. д-р Сергеј Чурилов присуствува на регионална конференција на академскиот сервис DAAD, во Тирана, Албанија.

 

Последна промена ( 12.12.2012 )
 
Меморандум за соработка со Факултетот од Кошице

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Градежниот факултет-Скопје и Градежниот факултет при Техничкиот Универзитет во Кошице-Словачка.

Последна промена ( 24.09.2012 )
 
Проектен менаџмент конференција

Градежен Факултет – Скопје во соработка со АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС Скопје и SKILLS Бугарија ве покануваат на првата конференција за Проектен менаџмент наменета за градежните компании, која ќе се одржи на 31.05.2012 год. на Градежниот факултет во Скопје.

Подетално во однос на тоа кој се може да се пријави, како може да се пријави и останати важни информации можете да најдете тука.

 

Побрзајте! Бројот на учесници е ограничен!

Последна промена ( 10.05.2012 )
 
Одржан семинарот на тема-Подземни сообраќајници

На 22. 2. 2012 година (среда) во просториите на Градежниот факултет во Скопје се одржa СЕМИНАР на тема “UNDERGROUND STRUCTURES IN CITIES” (ПОДЗЕМНИ СООБРАЌАЈНИЦИ ВО ГРАДСКИ СРЕДИНИ). На семинарот со свои предавања учествуваа г-дин Оливиер Вион, Извршен директор на најголемата светска организација за подземни објекти ITA-AITES, г-дин Даворин Колиќ, претседател на хрватското друштво за подземни објекти ITA-CROATIA и професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет во Скопје. На семинарот присуствуваа, покрај студентите и вработените на факултетот, претставници од Градежни компании, од Министерството за транспорт и врски, претставници на повеќе Општини во Македонија, Агенцијата за планирање на просторот и други.
 

 

Последна промена ( 28.02.2012 )
 
Одржано предавање од проф. д-р Вахида Жујо

На ден 6.12.2011 година, во салата за состаноци при Градежниот факултет се одржа предавање од гостин-предавач проф. д-р Вахида Жујо од Универзитетот Џемал Биједиќ од Мостар, БИХ, на тема “ Искуства од градењето на објекти во федерацијата Босна и Херцеговина и модели за брза прогноза на времето за изградба”. Деканатот за иницијативата и организацијата на настанот и изразува благодарност на проф. д-р Валентина Жилеска-Панчовска.

 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 Следна > Крај >>

Резултати 91 - 99 од 115
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија