Пребарување

Анкета

Рекламна кампања низ средните училишта

За првата недела од декември, се планира да се започне со реклама на факултетот низ средните училишта во Р.Македонија. Постапката ќе биде поткрепена со соодветна презентација, постери и рекламни флаери. Се очекува дека со понавремено информирање, ова кампања ќе даде соодветен ефект во зголемување на интересот на матурантите за студирање на Градежен Факултет.

 
Нов софтвер за електронска евиденција на студенти

Во тек е постапка за имплеменатција на софтвер за електронска евиденција на податоци на ниво на УКИМ со цел да се припреми целосна електронска евиденција за студентите, вработените, просторот и за други аспекти за успешно функционирање на Универзитетот.

 
Обезбедни лап топ компјутери за дел од кадарот на ГФ

Во периодот од септември до ноември 2011 година, со цел да се створат услови за поуспешна реализација на наставата и полесна научна работа, со користење на средства од сопствената сметка на Градежен факултет и со средства од Темпус проектот под водство на Проф. д-р Ванчо Георгиев, 15 наставници, соработници и компјутерскиот центар, се обезбедени со LAPTOT преносни компјутери.

Свечено предавање на лап топ компјутери
на дел од вработените

Последна промена ( 25.11.2011 )
 
Меѓународен симпозиум на тема - Брани

На ден 17.11.2011 во организација на Македоноскиот и Словенечкиот Комитети за Големи Брани се одржа Меѓународниот Симпозум “Брани- современи искуства од истражувањето, проектирањето, градбата и експлоатацијата”.
Градежниот факултет ја помогна манифестацијата со уплата на котизации и со човечки ресурси кои помогнаа во реализација на овој настан.


 

 
Изложба на постери од научно-истражувачки проекти

На ден 09.11.2011 година, а по повод Денот на науката, во просториите на Ректоратот беше одржана изложба на постери од научно-истражувачки проекти, каде Градежниот факултет беше преставен со постер поврзан со проектот “Нумеричко моделирање на порозни средини за испитување на тек и транспорт на контаминанти” од главниот истражувач доц. д-р Тодорка Самарџиоска.

 

Последна промена ( 24.11.2011 )
 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 Следна > Крај >>

Резултати 100 - 108 од 111
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија