Пребарување

Анкета

[21.1.2011]Промена на условеност на предмети

Промена на условеност на предметите на студиската програма градежништво - Превземи

Промена на условеност на предметите на студиската програма геотехника - Превземи

 
[21.1.2011]Одлука за запишување во повисок семестар

Врз основа на член 246 став 2 од Статутот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, член 26 од Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии ( Универзитетски гласник бр. 141/2009) и член 40 став 1 алинеја 33 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Градежниот факултет (Универзитетски гласник бр.111 од 30.03.2009) и Наставно-научниот совет на Градежниот факултет во Скопје, на својата 366 седница одржана на 16.09.2010 година ја донесе следната

 

О Д Л У К А
за измена на условите за запишување во повисок семестар
на студентите од прв циклус на студии
на студиските програми на Градежниот факултет

 

Член 1

Услов за запишување, односно следење на настава, на предметна програма од повисок семестар е остварено право за полагање на завршен испит на предметните програми од понизок семестар кои во студиската програма се наведени како услов за следење на настава за предметната програма од повисокиот семестар.
 

Член 2

Студентот кој предметната програма од повисокиот семестар ја запишал според одредбата од член 1 на оваа Одлука и се стекнал со право за полагање на завршен испит, должен е примарно да ги положи условните предметни програми од понискиот семестар, а потоа може да да го користи стекнатото право за полагање на предметната програма од повисокиот семестар.
 

Член 3

Доколку студентот не успее, во предвидениот рок, да ги положи условните предметни програми од понискиот семестар, односно го изгуби правото за нивно полагање, ги губи и стекнатите права за полагање на предметната програма од повисокиот семестар.
 

Член 4

Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето.



ДЕКАН,


Проф. д-р Петар Цветановски
 

 
[17.1.2011]Плаќање на административна такса

 


Согласно измените на законот за административни такси од 1.1.2011 год.административните такси во вид на вредносници (таксени марки) се укинуваат, а износот на административната такса се плаќа на уплатница образец ПП50. Уплатницата треба да биде пополнета како на примерот подолу.





Упатство за плаќање на административна такса преку iKnow и еНАПСИС(за студенти кои не се во iKnow системот).

Упатство за плаќање на административна такса преку СМС порака.


Последна промена ( 15.12.2015 )
> > >
 
[17.1.2011]Интерни и екстерни предмети за упис

ЛИСТА НА ЕКСТЕРНИ И ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА
ПОТРЕБНИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ
НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ - Превземи

Последна промена ( 17.01.2011 )
 
[6.12.2010] Начин на пријавување испити

Пријавувањето на испит во една сесија за двата рока се врши со една пријава. Студентот има право да се јави на испит и во двата рока.

При тоа, ако студентот не се јави на испит во првиот рок, пријавата
му важи и за вториот рок.

Ако студентот добие негативна оценка во првиот рок, должен е
да достави пријава во соодветното сандаче најдоцна 3 (три)
работни дена пред одржување на испитот во вториот рок.

За испитите кои се положени преку колоквиум задолжително
се поднесува пријава во првиот рок.
_____________________________________________________

Пријавувањето за двата рока во првата сесија
(јануарско-февруарска сесија) е
од 20 до 22.12.2010 до 14 часот.

 
<< Почеток < Претходна 21 22 23 24 25 26 Следна > Крај >>

Резултати 226 - 232 од 232
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија