Пребарување

Анкета

Покана
Почитувани,
 
Имаме чест да најавиме предавања од страна на гости-професори на Градежниот факултет кои ќе се одржат во следните неколку дена во Салата за состаноци:
 
- петок, 21.4., во 11:00 ч., проф. Ахмет САГЛАМЕР (Истанбул) ќе одржи предавање за "Soil Improvement Methods" 
- среда, 26.4., во 13:30 ч., проф. Харис САРОГЛУ (Атина) ќе одржи предавање за "Rock Mechanics"
 
Одбрана на магистерска

УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Втор циклус на студии

                                                            Соопштение

На ден 10.04.2017. (понеделник), со почеток во 12.00 часот во Салата за состаноци при Градежниот факултет во Скопје , Никола Постолов дипл.град.инж. јавно ќе ја брани магистерската работа под наслов :

 

 

,,Однесување на конструкции со нерегуларна основа на сеизмички влијанија

Последна промена ( 03.04.2017 )
 
Отворен ден на УКИМ 2017
Почитувани,


На 6 април (четврток), 2017 година се организира Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје Централниот настан е предвиден да се одржи на платото пред Ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Посетителите ќе имаат можност непосредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, како и изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија. Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но е и убава можност за сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот. Вашето присуство на Отворениот ден за нас ќе претставува особена чест.

Ве очекуваме

ЛИНК до постер
Последна промена ( 29.03.2017 )
 
Саем за вработување и кариера - Job Fair 2017.
 Почитувани студенти,
Студентската организација БЕСТ Скопје оваа година го организира тринаесеттото издание на Саемот за вработување и кариера - Job Fair 2017.  Чест ни е да ве информираме дека годинава ќе имате можност да стапите во директен контакт со претставници од повеќе од 30 компании и да се запознаете со нивната работа и можностите кои ни ги нудат нам, студентите. 
Концептот за овогодинешниот Job Fair е следен:
- 4 и 5 Април - денови на IT компании (ФЕИТ/ТМФ)
- 6 и 7 Април - денови на електро и машински компании (ФЕИТ/ТМФ)
- 10 и 11 Април - денови на градежни и архитектонски компании (ГФ/АФ)
Воедно, за време на саемот ќе се одржуваат и предавања, презентации и case studies од страна на компаниите, на кои ќе можете да присуствувате и вие. Предавањата се на најразлични теми, од презезентации за она што работат компаниите, до симулации на интервју со вашите идни работодавци.
Посетете ја официјалната веб страна за Job Fair 2017 и оставете CV кое ќе биде дел од датабазата до која имаат пристап сите компании од саемот: www.jobfair.org.mk
Следете ги сите новости за Job Fair на Facebook настанот: https://www.facebook.com/events/275264956235442/
Не ја пропуштајте оваа можност да се надоградите себеси и да направите нешто повеќе за својата иднина!
Со почит,
БЕСТ Скопје.
 
Пракса во ОКТА
 ОКТА објавува конкурс за практикантска работа. За повеќе информации превземете го овој документ.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 54 од 250
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија