Издавачка дејност

Издавачката дејност на факултетот е составен дел на наставно-образовниот процес и научноистражувачката работа. Таа е застапена речиси уште од формирањето – почнува со скриптата: “Проектирање и градење патишта” од Димитар Караџов, издадена во 1950 година. До ден денес се издадени 50 педесетина скрипти, како помошно средство за совладување на наставните дисциплини. Некои од нив се излезени во повеќе изданија. Друга форма на издавачка дејност, застапена на повеќе од 40 години, е издавање учебници и учебни помагала во рамките на Универзитетот, а псоледниве години и кај други издавачи. На тој начин се издадени 35 основни учебници и десетина учебни помагала, со што, сметајќи ги тука и скриптите, се опфатени речиси сите наставни дисциплини.

Автори, наставници на Градежниот факултет, се застапени и низ изданија на научни дела и монографии на издавачи надвор од Универзитетот и Факултетот. На тој начин во земјата и во странствоод печат се излезени 14 вредни книги, отсликувајќи дел од колективната, а и од индивидуалната научноистражувачка работа на факултетот.

Наставниците и соработниците на Градежниот факултет сознанијата од богатата научноистражувачка и апликативна дејност ги изнесуваат на многу конгреси и симпозиуми во земјата и во странство, ги публикуваат во научни стручни списанија, во зборникот од трудови на нашиот факултет, и што е можеби уште поважно, тие ги имплементираат во секојдневната работа.

 

Издавачка дејност на Градежен факултет: 

1.   Проф.Диме Лазаров

-          Геодезија I, 1980 год.

-          Геодезија II, 1980 год.

2.      Проф.Јордан Миладинов,

-          Техничка механика I –

-          Техничка механика, книга 1, 2 и 3 – 1981 год.

-          Јакост на материјалите II, 1966

3.      Проф.Игњат Крстевски

-          Железници, 1971 год.

-          Тунели, 1976 год.

4.      Проф.Душко Златковски, Горен строј на железници, 1981 год.

5.      Проф. Павле Стоименов, Патишта, 1987

6.      Проф. Апостол Поцески,

-          Теорија на конструкциите, 1986

-          Mixed Finite Element Method, 1992

-          Динамика на конструкциите , 2002

7.      Проф. Тиберие Киријас, Јакост на материјалите, 1975

      8.   Проф. Петар Серафимов, Основи на теоријата на конструкциите, 1984

9.      Проф. Владимир Симонче, Матрична анализа на конструкциите, 1989

10.  Проф.Санде Атанасовски, Армиранобетонски конструкции I, 1992

11.  Проф.Живко Шкоклевски,

-          Уредување на водотеците, 1988

-          Пловни патишта и пристаништа, 1988

-          Интензивни врнежи во Република Македонија,  1993

-          Уредување и ревитализација на водотеците, Завод за водостопанство, 1999

-          Вардар низ Скопје, Завод за водостопанство, 2000

12.  Проф. М. Гугуловски, Б. Сибиновиќ, С. Ончевска

-          Решени задачи по јакост на материјалите со изводи од теоријата, 1982

-          Предавања по јакост на материјалите со решени примери, 2003

-          Предавања по градежни материјали,

13.  Проф. Љ. Танчев

-          Статичка анализа на на насипните брани, Студентски збор, 1989

-     Хидротехнички објекти, 1994

-          Брани и придружни хидротехнички објекти, 1999

-          Dams and appurtenant hydraulic structures, 2005

14.  Проф. Ангел Ангеловски,

-          Хидраулика, 1990

-          Збирка задачи по хидраулика, 1976

15.  Проф.Борис Пауновски,

-          Геодезија I, 1990

-          Геодезија II, кн.1,2 и 3

16.  Проф.Елена Ататанасова, С. Георгиевска,

-          Математика I, 1985

-          Математика, аналитичка геометрија во простор и сферна тригонометрија, 1995

-          Математика II, 1988

17.  Проф.Цветанка Поповска,

-          Нестационарни текови, 1991

-          Нумеричка хидраулика, 1994

-          Механика на флуиди, 1996

-          Водни ресурси, површински и подземни токови, 1997

-          Хидраулика, 2000

-          Хидрологија, скрипта, 2002

-          Хидрологија, 2004

18.  Проф. Љупчо Лазаров, Гранична носивост на линиски конструкции, 2000

19.  Проф. Атанас Филиповски,

-          Оcнови на челични конструкции, 2000

-          Метални конструкции за архитекти, 2004

20.  Проф. Ѓорѓи Кокаланов,

-          Програмитање FORTRAN, 1992

-          Статика на архитектонски конструкции, 1994

-          Збирка програми на FORTRAN геодетски проблеми, 1994

-          FoxPro Програмирање, 1998

-          WINGrag Tutorial,  2002

-          SlabDesign, Tutorial , 2002

-          SOFIPLUS, Tutorial, 2002

-          Bridge Design, Tutorial, 2003

21.  Проф.Ристо Рибаровски,

-          Теорија на грешки со израмнување, 1988

-          Увод во виша геодезија, 1994

-          Геодетски пресметувања, 1999

-          Применета геодезија, (скрипта), 1999

-          Практична геодезија, 2003

-          Менаџмент и технологија на геодетските работи, (скрипта), 2005

-          Виша геодезија (основни геодетски мрежи), 2005

-          Комбинирани параметарско-корелативни израмнувања, 2007

22.  Проф. Борис Шендов,

-          Темелење, книга I, 1989

-          Темелење книга II, 1986

23.  Проф.Елена Думова-Јованоска,  Информатика практикум, 2002

24.  Ванчо Ѓорѓиев, Гео-Информациони Системи, 2004

25.  Радојка Дончева                   

-          Патишта кн.1 Проектирање на патишта, 2004

-          Патишта кн.2 Проектирање на патни јазли, 2004

26.  Елена Думова-Јованоска, Теорија на конструкции, 2004

27.  Лилјана Денковска, Нумерички методи, 2006

28.  Златко Србиноски, Елипсоидна геодезија, 2005

29.  Ванчо Ѓорѓиев, Современ катастар, 2006

30.  Валентина Жилеска-Панчовска, Проектен менаџмент при изградба на инвестициони објекти, 2006

31.  Сретко Цветковски, Уредување на водотеци, 2006

32.  Санде Атанасовски, Бетонски конструкции, 2007

33.  Наум Гапковски, Милорад Јовановски, Општа геологија, 2007

34.  Златко Србиноски, Физичка геодезија, 2008

      

Последна промена ( 19.06.2008 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија