Општи информации

Image

ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ е најстариот технички фалкултет во Македонија и интегрален дел на најголемиот Универзитет кај нас, Универзитетот СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ, формиран во 1949 година.

Како ден на Факултетот се прославува 6 Октомври, како ден кога е одржан првиот час на студентите на градежништво во далечната 1949 година во амфитеатарот на тогашниот Технички факултет.

Официјално, актот на основање на Tехничкиот факултет кој бил составен од два оддела (Градежништво и Архитектура) е објавен како акт на Владата на Народна Република Македонија во Службен Весник број 34 од 28.12.1950 година.

Покасно, Техничкиот фалкултетнсо акт на Владата на Социјалистичка Република Македонија е поделен на Факултет за Градежништво и Архитектура, Електро-машински факултет и ТЕхнолошко-металуршки фалкултет (Службен весник на СРМ број 27/1965 од 30.06.1965 година).

После тоа, во тек со Акт на основање број 03-660/1 од 22.04.1975, Градежниот факултет и Архоитектонскиот факултет веќе се конституирани ако одделни факултети.

Во тој период при Градежниот факултет наставата се одржувала на три насоки и тоа: конструктивна, хидротехника и насока за патишта и железници.

Студиите по геодезија започнале во 1978 година, на почеток како петсеместрални студии

Со студиите по геотехника е започнато во 2005 година.

Денес, Градежниот факултет е високо ценета јавна високообразовна институција која врши образовна, научно-истражувачка работа, применета и издавачка дејност од областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата.

Основната мисија на Градежниот факултет е едукација, стручно оспособување, но и подигнување на целокупното функционирање на нашето општество во насока на приближување кон идеалите што пред себе ги поставија земјите од Европа.


Оваа своја основна цел ја спроведува преку:

· продукција на високообразован стручен кадар од областа на градежното, геодетското и геотехничкото инженерство на ниво на додипломски, последипломски и докторски студии

· поттикнување и остварување на научно-истражувачката дејност

· постојана соработка со стопанството, првенствено со градежната оператива, црпејќи корист од нивните искуства и нудејќи ги за возврат резултатите од сопствените истражувања

· освен стручното оспособување на студентите, извонредно важен чинител е нивното оформување во целовити личности, со сопствен став за општесвеното живеење, но и со елан да се учествува во тие токови

· имплементација на Европскиот Кредит Трансфер Систем - ЕКТС.

Започнувајќи од Септември 2013, сите студиски програми на факултетот ќе се одржуваат според ЕКТС моделот 3+2+3.

Првите три (3) години се посветени на првиот циклус на студии (додипломски студии) на следните студиски програми:

-Градежништво

- Геодезија

- Геотехника

Следните две (2) години се посветени на вториот циклус или последипломските студии каде ќе се одржува настава на следните студиски програми:

-Градежниптво со следните насоки (модули):

·Конструкции
·Хидротехника
·Патишта и железници
-Геодезија

-Геотехника

- Менаџмент по недвижности


Првиот циклус на стуидии ќе трае шест семестри и ќе носи 18о ЕКТС кредити, вториот циклус ќе трае четири семестри со 120 кредити.

Докторските студии започнаа да се одржуваат од 2011 година, имаат неколку модули и траат шест семестрти со 180 кредити.

Детали за режимот на студирање и предавањата може да се добијат на оваа web-сттрана, од сите наставници и асистенти, продеканот за настава и координаторите за ЕКТС од сите студиски години.

Предавањата се организираат и изведуваат од 37 редовни, вонредни професори ои доценти, 19 асистенти и поголем број соработници-студенти на трет циклус на студии.

Факултетот поседува два амфитеатри, 17 училни со вкупен простор од околу 17оо m2.

Покрај тоа, за едукација на раполагање со седум лаборатории, современ комјутерски центар и бибилотека со голем број наслови.

Во процесот на настава се користат современи софтверски алатки, а Факултетот е целосно покриен со безжична интернет врска.

Веб страната редовно се ажурира, кад епокрај другото се поставени во електронска форма предавањата.

Паралелно покрај наставата, Факултетот големо внимание посветува на научната работа и апликативно-практичната активност во градежништвото, геодезијата, геотехниката и сродните научни дисциплини.

Факултетот редовно одржува голем број семинари, практични обуки, работилници, студентски конференции и друго, каде покрај теоретските аспекти се анализираат и практичните аспекти во градежништвото, геодезијата и геотехниката.

Факултетот е постојано отворен за своите студенти и завршените инженери и има воспоставено одлична комуникација со градежните фирми и стопанството, со што е развиена плодна плодна взаемна соработка.

На Факултетот е формиран Фонд за стипендирање за најдобрите стуиденти како една од најдобрите форми за соработка со градежните компании, така што стипендирањето е дополнителен мотив и стимулација за студентите.

Студентскиот парламент при Градежниот факултет е најзначајната форма на организација на студентите, каде што тие ги развиваат своите идеи за подобруивање на процесот на студирање и развој на Факултетот.

Драги студенти, за време на студирањето искористете ги вашите потенцијали за да достигнете потребно знаење и вештини со кои ќе бидете способни да постигнете највисоко ниво на професионализам и одлична репутација во нашето општество.


Без сомнение, вашите најубави мигови во кариерата ќе ги поминете кај нас користејќи ја убавината на заедничка работа и дружење.

Мотото на Градежниот факултет е дека во историјата остануваат запаметени само оние кои градат и ги обединуваат луѓето.

Избирате прекрасна професија која создава слободни и креативни личности кои се способни да донесуваат интелегентни и храбри решенија при создавање на градбите.

Оваа прекрасна професија нуди голрема можност Вашите објекти да останат како вечни знаменитости во просторот и времето на Ваше делување.

Последна промена ( 29.09.2015 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија