Дипломска работа во завршниот семестар на студии

Врз основа на член 71 и член 91 од Статутот на Градежниот факултет (Универзитетски гласник бр.13, од 8 ноември 2001 год.) и член 11 и член 71 од Правилникот за единствените правила за студирање на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (Универзитетски гласник бр.20, од 30 ноември 2001 год.), Наставно-научниот совет на Градежниот факултет на својата 340 седница одржана на 11.2.2008 година ја донесе следната


ОДЛУКА
за измени и дополнувања на Студиските програми
и правилата за студирање
(воведување на Дипломска работа во завршниот семестар)

 

Член 1

На студиската програма по градежништво (модел 4+1), на трите насоки, еден од понудените изборни предметни програми во VIII-от семестар (обемност од 4 кредити) се заменува со “Дипломска работа”.

Член 2

На студиската програма по геодезија (модел 4+1), еден од понудените изборни предметни програми во VIII-от семестар (со обемност од 6 кредити) се заменува со “Дипломска работа” со обемност од 4 кредити. За два кредити се менува (зголемува) обемноста на задолжителните предметните програми.

Член 3

На студиската програма по геодезија (модел 3+2), во VI-от семестар се додава нова предметна програма “Дипломска работа” со обемност од 3 кредити. Бројот на кредити на другите предметни програми во VI-от семестар се намалуваат за вредноста на додадените 3 кредити.

Член 4

На студиската програма по геотехника (модел 3+2), еден од понудените изборни предметни програми во VI-от семестар (со обемност од 4 кредити) се заменува со “Дипломска работа” со обемност од 3 кредити. Обемноста на предметната програма “Земјани работи и конструкции” од 4 се зголемува на 5 кредити.

Член 5

Услови за запишување (пријавување) на Дипломска работа на додипломските студиите кои се одвиваат по модел 4+1 се:
Кандидатот да ги има положено сите предметни програми предвидени во првите 6 семестри од студиите, односно реализирани 180 кредити.
Кандидатот да ги има успешно проследено предметните програми од VII-от семестар од студиите (добиени потписи).

Член 6

Услови за запишување (пријавување) на Дипломска работа на додипломските студиите кои се одвиваат по модел 3+2 се:
Кандидатот да ги има положено сите предметни програми предвидени во првите 4 семестри од студиите, односно реализирани 120 кредити.
Кандидатот да ги има успешно проследено предметните програми од V-от семестар од студиите (добиени потписи).

Член 7

Услови за полагање (одбрана) на Дипломска работа се:
Кандидатот да ја регулира изработката на дипломската работа со добивање на потпис од менторот.
Кандидатот да ги положи сите предвидени предметни програми од додипломската студиска програма која се одвива по модел 4+1, односно да реализира 236 кредити.
Кандидатот да ги положи сите предвидени предметни програми од додипломската студиска програма која се одвива по модел 3+2, односно да реализира 177 кредити.

Член 8

Составен дел на оваа одлука е табеларниот преглед на предметните програми во завршниот семестар од Студиските програми, чл.1, чл.2, чл.3 и чл.4, како и усвоените правила и процедура за регулирање на дипломската работа.

Член 9

Одлуката за измени и дополнувања на Студиските програми со воведување на Дипломска работа во завршниот семестар, влегува во сила од денот на нејзиното донесување од Наставно-научниот совет на Градежниот факултет во Скопје, а ќе се применува од учебната 2007/2008 година.

Табеларен преглед на предметните програми
во завршниот семестар од студиските програми

1/ Студиска програма по градежништво, модел 4+1

На студиската програма по градежништво, на трите насоки, еден од понудените изборни предметни програми во VIII-от семестар (обемност од 4 кредити) се заменува со “Дипломска работа”.

Конструктивна насока

 
Предметни програми во VIII семестар
часови
кредити
39
Организација и механизација
4+2
6
40
Испитување на конструкции
2+1
3
41
Челични мостови
3+2
4.5
42
Армиранобетонски конструкции
3+2
4.5
43
Изборен (А, Б, В, Г, Д и *)
2+2
4
44
Изборен Б
2+2
4
45
Дипломска работа
0+4
4

Насока за патишта и железници

 
Предметни програми во VIII семестар
часови
кредити
39
Организација и механизација
4+2
6
40
АБ мостови
3+2
5
41
Рекон. и модерн. на желез. пруги
2+2
4
42
Механика на карпи
2+1
3
43
Изборен (А, Б, В, Г, Д и *)
2+2
4
44
Изборен Г
2+2
4
45
Дипломска работа
0+4
4

Хидротехничка насока

 
Предметни програми во VIII семестар
часови
кредити
39
Наводнување
2+2
4.5
40
Организација и механизација
4+2
6
41
Водостопански системи
2+2
4.5
42
Механика на карпи
2+1
3
43
Изборен (А, Б, В, Г, Д и *)
2+2
4
44
Изборен В
2+2
4
45
Дипломска работа
0+4
4

*) Сите задолжителни предмети од другите насоки

2/ Студиска програма по геодезија, модел 4+1

На студиската програма по гедезија (модел 4+1), еден од понудените изборни предметни програми во VIII-от семестар (со обемност од 6 кредити) се заменува со “Дипломска работа” со обемност од 4 кредити. За два кредити се менува (зголемува) обемноста на задолжителните предметните програми.

 
Предметни програми во VIII семестар
часови
кредити
37
Автомат. обработка на податоци
2+2
5
38
Геоинформациони системи
4+4
9
39
Изборен од група III
3+3
6
40
Изборен од група III
3+3
6
41
Дипломска работа
0+4
4

3/ Студиска програма по геодезија, модел 3+2

На студиската програма по гедезија (модел 3+2), во VI-от семестар се додава нова предметна програма “Дипломска работа” со обемност од 3 кредити. Бројот на кредити на другите предметни програми во VI-от семестар се намалуваат за вредноста на додадените 3 кредити.

 
Предметни програми во VI семестар
часови
кредити
28
Виша геодезија
3+3
6
29
Математичка картографија
3+3
6
30
Инженерска геодезија
3+3
6
31
Просторно планирање
2+2
3
32
Изборен од група III
2+2
3
33
Геодетска пракса 2
0+5
3
34
Дипломска работа
0+3
3

4/ Студиска програма по геотехника, модел 3+2

На студиската програма по геотехника, еден од понудените изборни предметни програми во VI-от семестар (со обемност од 4 кредити) се заменува со “Дипломска работа” со обемност од 3 кредити. Обемноста на предметната програграма Земјани работи и конструкции од 4 се зголемува на 5 кредити.

 
Предметни програми во VI семестар
часови
кредити
31
Земјани работи и конструкции
2+2
5
32
Фундирање 2
2+2
5
33
Подобрување на почви
3+1
5
34
Подобрување на карпи
3+1
4
35
Изборен од група ГТ
2+2
4
36
Дипломска работа
0+3
3
37
Геотехничка пракса
0+4
4

 

ПРАВИЛА И ПРОЦЕДУРА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ДИПЛОМСКАТА РАБОТА

  1. Кандидатот кој се здобил со право за пријавување/изработка на дипломска работа поднесува пријава до студентската служба. Студентската служба ја проверува валидноста на кандидатот и ја одобрува со потпис од овластено лице (декан, продекан за настава и наука).
  2. Студентите кои добиле оверена пријава поднесуваат барање, со предлог област-тема и ментор, до Катедрата за која сметаат дека е најблиска до областа на темата на која сакаат да работат дипломска работа. Катедрата доколку го прифати барањето одредува ментор. Катедрата може да го одбие барањето со образложение. Ако кандидатот не е задоволен од одлуката на Катедрата може да се обрати до Наставната комисија.
  3. Избраниот ментор во пријавата ја наведува темата на дипломската работа. Деканатот одредува два члена кои заедно со менторот ја сочинуваат Комисијата за одбрана. Комисијата неможе да биде составена од три члена од иста Катедра.
  4. По изборот на ментор и тема предметната програма “дипломска работа” се запишува во индексот на кандидатот. Студентот ја запишува дипломската работа и менторот на посебна страна од индексот.
  5. Кандидатот ја работи дипломската работа под менторство. Менторот, со потпис во индексот, ја оверува изработката на дипломската работа како завршена. Тоа е еден од предусловите за одбрана/полагање на дипломската работа. Одбраната ќе се спроведе по исполнувањето и на вториот услов од чл. 7 на Одлуката. Одбраната не е временски ограничена, односно се спроведува по испонувањето на двата услови.
  6. Кандидатот е должен да ја изработи дипломската работа во рок од шест месеци од денот на пријавувањето.
  7. Кандидатот кој не добил потпис за завршена дипломска работа, или не ја одбранил дипломската работа, должен е да пријави нова дипломска работа кај друг ментор.
  8. Кандидатот кој изработува дипломска работа, по положувањето на пропишаните испити, односно стекнување на потребните кредити (236 - градежништво и 177 - геодезија/геотехника) поднесува барање во студентската служба за извод од досие заедно со уплатница за преглед на дипломскиот испит (10€ во противвредност според Ценовникот на ГФ).
  9. Дипломската работа и изводот ги доставува кај менторот за преглед.
  10. Без овој документ (изводот) и уплатата, дипломскиот испит не може да биде закажан за одбрана.
  11. Одбраната се спроведува пред Комисијата и пред аудиториум од заинтересирани студенти и наставен персонал.
  12. Дипломската работа се оценува описно: “успешно ја одбрани”, или “не ја одбрани” дипломската работа.
  13. Дипломската работа не влегува во просекот на студиите.

 

 

Последна промена ( 26.01.2009 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

AEGEE


 

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија