Пребарување

Анкета

Зошто запишавте Градежен факултет?
 
Одлука за дисперзирани студии во Битола и Куманово

Врз основа на Одлуката на Владата на РМ бр.19-1732-5 од 11.5.2009 година (Сл. весник на РМ бр.59/2009), допис бр.15-50 од 16.06.2009 година од Ректорот на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“, како и член 40 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот, Наставно-научниот совет на 354 седница одржана на ден 19.6.2009 годија ја донесе следната


ОДЛУКА

за отварање на дисперзирани студии по градежништво

во Битола и Куманово

 

Член 1

Градежниот факултет во Скопје, ја прифаќа иницијативата за дисперзија на вискокото образование со отварање на дисперзирани студии по градежништво од прв циклус во Битола и Куманово во учебната 2009/20010 година.

Член 2

На дисперзираните студии по градежништво во Битола примарен избор ќе биде хидротехничката насока.
На дисперзираните студии по градежништво во Куманово примарен избор ќе биде насоката за патишта и железници.

Член 3

Дисперзираните студии ќе се активараат доколку на нив се запишат 30, или повеќе од 30 студенти.

Член 4

Доколку не се активираат дисперзираните студии, запишаните студенти ќе се усмерат да студираат на матичниот факултет во Скопје.
Студентите од ставот еден на овој член ќе се третираат како студенти запишани во државната квота, односно со партиципација од 200 евра годишно.

Член 5

Дисперзираните студии ќе се реализираат доколку бидат обезбедени просторните услови и кадровските и финанскиските барања.

Член 6

Одлуката стапува во сила со денoт на објавувањето.


Скопје, 19 Јуни 2009 година

ДЕКАН

Проф. д-р Петар Цветановски

Последна промена ( 21.03.2011 )
 
  • English
  • Македонски

ПРЕВЗЕМАЊА


УЧЕБНА 2014/2015


УПИСИ 2014/2015



Распоред на часови-зимски семестар 2014/2015

- Прв циклус
- Втор циклус
- Геодезија (вон.)

- Проект 45


Распоред на испити


Упатство за пријавување испити за втора и трета сесија






Iknow - упатство за студенти


Основна литература



Календар на активности и неработни денови




 

Правилници на универзитетот „Св Кирил и Методиј“




ГФ Стипендии





Login






Си ја заборавивте лозинката?
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија