Учебна 2017/2018 година
Translation not available yet!


ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО 2017/2018


Студентска анкета за зимски семестар 2017/2018 година

1. Логирај се на http://anketa.gf.ukim.edu.mk/ и направи ја анкетата

2. Испечати го бар кодот на А4 бел лист

3. При запишување на семестар (5-8.2.2018) бар кодот достави го во соодветната кутија (лоцирана до шалтерите на студентската служба)

Анкетата е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за секој студент
на прв циклус на студии

Деканат на Градежен факултет - Скопје



Се известуваат студентите на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми на прв и втор циклус на студии, дека запишувањето на ЛЕТЕН семестар во учебната 2017/18 година се врши од 1 до 5.2.2017 на
IKNOW системот, а заверката на ЗИМСКИ семестар и запишувањето на ЛЕТЕН семестар во учебната 2017/18 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА од 5.2.2017 до 10.2.2017 од 10,30 до 14,00 часот и тоа по следниот распоред:


На 5. февруари – Геотехника и 8 семестар градежништво

На 6. февруари – втор семестар за градежништво и геодезија
На 7. февруари – четврти семестар за градежништво и геодезија
На 8. февруари – шести семестар за градежништво и геодезија
На 9. февруари
II циклус на студии /сите студиски програми/
На 10. февруари
II циклус на студии /сите студиски програми/

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ I И II ЦИКЛУС:

Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот зимски семестар);
► Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар);
► Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летниот семестар);
Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од
www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот; линк до страната
Уплатена административна такса од 100 ден (ТМ Име Презиме 100 на тел.број: 144 166, внесена во
iknow системот, при запишување на семестарот); или уплатница ПП-50 /се поднесува во прилог/.

УПЛАТA НА ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА I ЦИКЛУС

Студентите на Градежниот факултет плаќаат партиципација според бројот на запишани кредити во семестарот.
Паричниот износ на еден кредит изнесува 1/30 од цената за семестралната партиципација, односно од цената за кофинансирање.

државна квота – партиципација: 6.200 ден.
1 кредит
= 3,33€ = 205 денари
студии со кофинансирање: 12.400 ден.
1 кредит
=6,66€ = 410 денари

Уплатена казна за презапишување на предмет (по втор и повеќе пати) за студенти во државна квота и во квота со кофинансирање од 620 ден. од предмет;

►Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар ако ја имаат одбрането заклучно со 28 февруари 2017 година, но потребно е да донесат образец за заверка на зимскиот семестар 2017/18 година.

►Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.

Според член 323 од Статутот на УКИМ, студент од државна квота преминува во квота со кофинансирање во два случаи:

- ако запишува предмет по трет пат; и

- ако не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на нареден соодветен семестар (зимски/летен).

УПЛАТA НА ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА II ЦИКЛУС

Потврда за уплатена партиципација од 30.750 / 24.600

За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 100/80 евра, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија, на денот на плаќањето.

Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 15 евра во денарска противвредност.

Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 10€ во денарска противвредност според тековниот курс на Народната банка на РМ на жиро сметка на Градежен факултет 1000000000 630 95, сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходно конто 723019 програма 41.

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РМ - Градежен факултет - Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација

 

Last Updated ( Wednesday, 17 January 2018 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија