Учебна 2017/2018 година

ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО 2017/2018 ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ
Се известуваат студентите на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми на прв и втор циклус на студии, дека заверката на ЛЕТЕН семестар и запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2017/2018 година се врши од 10.9.2017 до 20.9.2017 на iknow системот, и од 11.9.2017 до 15.9.2017 од 10,30 до 14,00 часот на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА и тоа по следниот распоред:

На 11. септември – први/трети семестар за градежништво и геодезија 
На 12. септември – петти семестар за градежништво и геодезија 
На 13. септември – седми семестар за градежништво и први/трети/петти семестар за геотехника 
На 14. и 15. септември – втор циклус на студии по градежништво, геодезија, геотехника и менаџмент со недвижности

Пред предавањето на документи на шалтер, студентите треба ги имаат запишано семестарот и предметите на iknow системот.


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ:

 Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар);
 Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летниот семестар); 
 Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар); 
 Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukim.edu.mk или од копирницата на Факултетот; линк до страната
 Уплатена административна такса од 100 ден (TM Ime Prezime 100 на тел.број: 144 166, внесена во iknow системот, при запишување на семестарот);

 Уплатени 1 550 ден. за материјални тршоци за образовен процес, надомест за солидарна одговорност и лабораториски вежби
 Уплатени 100 ден. за осигурување на редовни студенти за период 15.09.2017 – 14.09.2018 г.
Уплатени 310 ден. за потврда за редовен студент во зимски семестар 2017/2018, АКО НА СТУДЕНТОТ МУ Е ПОТРЕБНА (за здравствено осигурување, за сместување во дом и сл.);

 Уплатена партиципација:

Студентите на Градежниот факултет плаќаат партиципација според бројот на запишани кредити во семестарот.
Паричниот износ на еден кредит изнесува 1/30 од цената за семестралната партиципација, односно од цената за кофинансирање.

државна квота – партиципација: 6.200 ден.
1 кредит = 3,33€ = 205 денари
студии со кофинансирање заклучно со 2009/2010 година: 9.300 ден.
1 кредит = 5€ = 320 денари
студии со кофинансирање од 2010/2011 година: 12.400 ден.
1 кредит =6,66€ = 410 денари

Уплатенa казна за презапишување на предмет (по втор и повеќе пати) за студенти во државна квота и во квота со кофинансирање од 620 ден. од предмет;

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РМ
- Градежен факултет - Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација

Уплатени 750 ден. за ИКСА на УКИМ на жиро сметка 100000000063095, депонент НБРМ, с-ка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41

Според член 323 од Статутот на УКИМ, студент од државна квота преминува во квота со кофинансирање во случаj ако:

- запишува предмет по трет пат; и

- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на нареден соодветен семестар (зимски/летен).

Студентите кои изработуваат дипломска работа и ќе ја бранат до 29 септември 2017 г. не запишуваат семестар, но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2016/17 г.

Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.

Наставата почнува на 18.9.2017 година според распоредот на часови истакнат на web страната на ГФ.

 

 

Последна промена ( 05.09.2017 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија