Геотехника

Насока по геотехника ГЕОТЕХНИКA

Катедрата за геотехника се занимава со истражување на полето на геотехничкото моделирање, со развој како на физички, така и на нумерички модели, примена на најсовремени методологии за истражување на теренот, класификации на карпести маси, примена на нумеричките методи во решавање на геотехнички проблеми, подобрување на почвената основа и друго.

Катедрата за геотехника постојано ги иновира наставните содржини. Посебно внимание се посветува на континуиран интензивен развој на полето на научната надградба, со едуцирање на наставниот кадар во странство (Канада, Норвешка, Швајцарија, Германија, Србија, Црна Гора, Хрватска). Катедрата во моментот претставува комбинација од искусен наставен кадар од една страна и млад наставен кадар со високи научни титули од друга страна.

Катедрата соработува со сродни научни институции од Србија, Хрватска и Бугарија и во последно време со Германија. Покрај тоа, најсовремените методи на готехнички истражувања и испитувања се аплицираат на многубројни проекти во соработка со сите домашни фирми кои се занимаваат со инженерство на терен. Освен со домашни фирми , катедрата соработува со странските компании Taurnplan-Австрија, Scetaroute-Франција, C&M Engineering-Грција, Јарослав Черни-Србија и др.

Насока по геотехника Задолжителни предмети

Насока по геотехника Изборни предмети

Последна промена ( 28.05.2010 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија