Библиотека

Библиотеката е формирана со формирањето на Техничкиот факултет во 1949 год. а самостојно, како посебна работна единица, работи од 1975 год. Во целиот овој период од формирањето до денес нејзината дејност постојано се зголемува и осовременува.

Библиотеката врши набавка на различни видови библиотечен материјал (книги, учебници, списанија, стандарди) во согласност со потребите на корисниците, го средува и каталогизира тој материјал, правејки го брзо достапен на корисниците.

Книжниот фонд се состои од учебници, странска и домашна стручна литература, списанија и стандарди. Библиотеката располага со над 16.000 наслови што ја прави да биде една од најдобро снабдените библиотеки имајќи во предвид дека се работи за библиотека од затворен тип. Во овој број не се вклучени магистерските и докторските работи одбранети на Градежниот факултет како и соопштенија од одржани симпозиуми и семинари.

Корисници на библиотеката се сите студенти (од редовните студии, како и магистранти и докторанти) и вработените на факултетот. Нивниот број е околу 1.000 корисници. Зачленувањето на студентите во библиотеката се врши лично и потребен е само индекс заверен за тековната учебна година. Книгите може да се задржат најмногу 2 семестри а за изгубена книга се плаќа казна во износ еднаков на вредността на изгубената книга.

 

Последна промена ( 12.09.2008 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија