Пребарување

Анкета

Кога да пријавам дипломска работа?

Услови за пријавување на Дипломска работа на 1 циклус на студии по градежништво се:
Студентот да ги има положено сите предметни програми предвидени во првите 6 семестри од студиите, односно реализирани 180 кредити и да ги има успешно проследено предметните програми од седмиот семестар од студиите (добиени потписи).

Услови за пријавување на Дипломска работа на 1 циклус на студии по геотехника и геодезија се:
Студентот да ги има положено сите предметни програми предвидени во првите 4 семестри од студиите, односно реализирани 120 кредити и да ги има успешно проследено предметните програми од V-от семестар од студиите (добиени потписи).

Услови за одбрана на Дипломска работа се:
Студентот да ги положи сите предвидени предметни програми од додипломската студиска програма која се одвива по модел 4+1, односно да реализира 236 кредити.
Студентот да ги положи сите предвидени предметни програми од додипломската студиска програма која се одвива по модел 3+2, односно да реализира 177 кредити.

Кандидатот кој изработува дипломска работа, по положувањето на пропишаните испити, односно стекнување на потребните кредити (236 - градежништво и 177 - геодезија/геотехника) поднесува барање во студентската служба за извод од досие заедно со уплатница за преглед на дипломскиот испит (10евра во противвредност според Ценовникот на ГФ).

Без овој документ (изводот) и уплатата, дипломскиот испит не може да биде закажан за одбрана.

Последна промена ( 23.02.2011 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија