Пребарување

Анкета

Што треба по одбраната на дипломската работа?

Записникот од одбраната на дипломската работа треба да се достави во Архивата на ГФ. За уверението студентот го доставува индексот, уплатница на 50 евра во денарска противвредност според Ценовникот на ГФ, потврда од Библиотеката на ГФ дека студентот не должи книги и пополнет статистички лист кој се подигнува од Студентската служба. Уверението дека студентот дипломирал може да се подигне за еден до два работни дена по дипломирањето.

Студентите откако ќе дипломираат или магистрираат имаат обврска да уплатат 50 евра во денарска противвредност на жиро сметката на ГФ, да достават потврда дека не должат книги во Библиотеката на ГФ, да пополнат статистички лист ШВ-50 за дипломирани, односно ШВ-80 за магистрирани студенти кој се подигнува од Студентската служба и ИЗЈАВА ЗА МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИ И МАГИСТРИРАНИ СТУДЕНТИ ВО ГЛАВНА КНИГА (која може да ја превземете тука).

Последна промена ( 25.11.2011 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија