Настава

Според наставниот план, донесен со отворањето на градежниот факултет во 1949 година, профилот на студиите за градежништво е изедначен со соодветниот профил во тогашните југословенски центри: Белград, Загреб и Љубљана, на кои теориското и практичното знаење се приближува со студиите во развиените европски земји. Според тој наставен план, студиите траеја десет семестри. Се делеа на подготвителен дел, што траел двеипол години, и стручен дел – во траење од две години. Десетиот семестар е предвиден за дипломската работа. Сите студенти студираа според единствен наставен план, без насоки.

Во изминативе 50 години постепено се менуваа и потребите за специјалисти од областа на градежништвото, а исто така и барањата за нивната стручна подготовка. Овие промени имаа директно или индиректно влијание врз наставата, наставните планови и програми, како и врз системот за организација на наставниот план. Измените на наставаните планови и програми беа составен дел на општата состојба што брзо се менуваше, се јавуваа нови потреби, се создаваа нови можности, се изнаоѓаа нови патишта. Градежниот факултет настојува секогаш да ги следи потребите на стопанството и општествената заедница. Во развојот на наставата на Градежниот факултет може да се издвојат осум карактеристични периоди:

  1. Периодот од 1949-1956 година е карактеристичен со тоа што наставата е континуална за образование на општ профил градежен инженер. Наставата трае десет семестри, а десеттиот семестар е предвиден за изработка и одбрана на дипломската работа.
  2. Периодот од 1957-1959 година е карактеристичен со континуална настава и со воведување благо насочување во конструктивна, хидротехничка и сообраќајна насока, како и со тоа што наставата трае 8 семестри, а во деветиот семестар се работи дипломска задача.
  3. Периодот од 1960-1965 година е карактеристичен со степенаста настава. што се одвива во три насочувања, (конструктивна, хидротехничка и сообраќајна). Наставата трае осум семестри, а деветиот е предвиден за дипломска задача. Насочувањето е по шестиот семестар.
  4. Периодот од 1966-1973 година е карактеристичен со понагласено насочување, (конструктивна, хидротехничка и сообраќајна). Наставата трае девет семестри, а десеттиот е за дипломска работа. За првиот степен има паралелен курс со насоки во траење од пет семестри.
  5. Периодот од 1974-1980 година е карактеристичен со реформираната настава и со уште понагласеното насочување во конструктивна, хидротехничка, насока за патишта и железници, како и органзиација и механизација на градба. Наставата за сите студенти е единствена во првите два семестра, а потоа се дели на насоки. Студентите запишуваа предмети, а не семестри – максимум 6, а минимум 3 во еден семестар. Сите предмети се едносеместрални, наставата се држи циклично. Студиите се поделени на три дела: прв – задолжителни предмети во првите два семестра без насочување, втор - задолжителни предмети со насочување во три семестри; трет – од четири семестра со насочување и со задолжителни изборни предмети.
  6. Периодот од 1981-1987 година е карактеристичен со степенасто-континуирана настава со насочување во првата година. Наставните планови се исти како и во претходниот период, со таа разлика што нема изборни предмети и се студира според утврден редослед на слушање и полагање испити. Наставата се држи девет семестри, поделена во три дела: првиот траел два семестри и е заеднички за сите насоки, вториот рае три семестри, а третиот четири семестри. Предметите се едносеместрални, а наставата се изведува циклично. По првиот дел, студентите се делат во четири насоки: конструктивна, хидротехничка, патишта и железници и организација и механизација на работите.
  7. Од 1988-2003 година се изведува континуална настава со насочување по завршена втора година. Поради високото чинење, напуштена е цикличноста во наставата и едносеместралноста на предметите. Наставните дисциплини се изведуваат во еден или во два семестра, во вкупно траење од девет семестри. Првите четири се заеднички за сите студенти, а другите пет семестри се одвиваат по насоки: конструктивна, хидротехничка, патишта и железници и организација и механизација на работите. Во десеттиот семестар се работи дипломската работа.
  8. Од учебната 2004/05 година, а врз база на одлуката на 308-та седница на Наставно-научниот совет на Градежниот факултет, одржана на ден 9.03.2004 год., универзитетските (академски) додипломски студии по градежништво на трите насоки (конструктивна насока, хидротехничка насока и насока за патишта и железници) се реформирани согласно критериумите пропишани со ЕКТС според моделот 4+1+3 (4 години додипломски студии + 1 година последиплом-ски студии + 3 години докторски студии). Елаборатот и студиските програми беа усвоени од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и од Одборот за акредитација на РМ. Во учебната 2005/06 година, согласно критериумите пропишани со ЕКТС, а врз база на одлуката на 313-та седница на Наставно-научниот совет на Градежниот факултет, одржана на ден 11.11.2004 год., започнаа да се одвиваат и студии по геотехника по модел 3+2+3 (3 години додипломски студии + 2 година последипломски студии + 3 години докторски студии). Во изминатиот период се реализираа студиите од првиот циклус, односно академски додипломски студии по градежништво, во траење од четири години, со оптоварување од 240 кредити, и додипломски студии по геотехника, во траење од три години, со оптоварување од 180 кредити, па во тековната академска 2007/08 година ќе дипломираат студентите од првата генерација на реформирани академски студии согласно Болоњската декларација и ЕКТС.

Истовремено, од 1987 година редовно се одржува наставата за VI1 степен за геодезија. Наставните планови и програми на овие студии, што предизвикаа голем интерес кај младите академски кадри, се колку што е можно компатибилни со соодветните планови и програми на другите блиски факултети, пред се на Загрепскиот геодетски факултет. На тој начин е овозможено студентите со завршен VII1 степен на нашиот факултет релативно лесно да ги продолжат студиите за звањето “дипломиран инженер геодет”.

Од основањето на факултетот до 1.X.1999 година на студиите од VII1 степен по градежништво дипломирале 2868 студенти, на студиите од VI1 степен по градежништво 719, а на студиите од VI1 степен по геодезија 391 студенти.

Последна промена ( 17.05.2008 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија