Лабораторија за челични и метални конструкции
Лабораторијата е сместена во анекс халата на факултетот со површина од 240 m2 и во придружните простории во сутеренот на факултетот. Халата е опремена со мостен кран (50 kN), отвори за анкерување во подната плоча (d=0.5 m) и челични рамки за нанесување на товар.

Во лабораторијата се вршат испитувања на механички карактеристики на материјали, испитувања на конструктивни склопови, испитувања на модели и сл. Можностите на лабораторијата се користат во наставата, преку показни вежби на студентите од предметот Испитување на конструкции, како и по други предмети кои ги изучуваат механичките особености на материјалите.

Во лабораторијата извршени се најголем број на експериментални истражувања во склоп на научни теми, магистерски и докторски тези. Меѓу позначајните се обемните испитувања на стабилноста на притиснати елементи од цевкасти ладно обликувани профили и профили со Н пресек, испитувањата на модели на бетонски мостови, испитувања модели од обесени покривни конструкции со крути пресеци.

           
 
Мобилната опрема на лабораторијата се користи и за теренски испитувања. Стручни екипи од Градежниот факултет имаат извршено испитувања на носивоста и стабилноста на голем број на мостовски конструкции, крански греди, спортски сали. Исто така вршени се и испитувања за потребите за санација на мостови и други конструкции.
Резултатите од теренските испитувања, се користат и како база на податоци за изработка на дипломски работи од предметот Испитување на конструкции.

Последните години во показните вежби за студентите се користи опрема за A/D конверзија на мерните величини и нивна регистрација со персонален компјутер. За интерпретација на мерењата изработен е посебен софтвер.

Список на опремата на лабораторијата за испитивање на материјали, конструкции и модели:

  1. Универзална хидраулична преса EU40
  2. Хидрауличен систем со 4 цилиндри
  3. Хоризонтална хидраулична преса 1300 kN
  4. Хидраулична преса двосмерна 1000 kN
  5. Хидраулична преса едносмерна 500 kN
  6. Челични рамки за аплицирање на испитниот товар
  7. Агрегати од 300 W и 1500 W
  8. Електронски динамометри од 50 kN, 150 kN и 500 kN
  9. Електронски угибомери, електроотпорни
  10. Електронски угибомери, индуктивни
  11. Саатни механички угибомери
  12. Електронски клинометри
  13. Мануелен компензатор MKT
  14. Мануелен компензатор MK
  15. Распределител UMK 10
  16. Дигитален читач KWS 3050
  17. Дигитален читач KWS 3072
  18. Дигитален читач DMD 20
  19. 6-то канален појачувач KWS 3073
  20. Осцилограф AF 8 UV
  21. A/D Интерфејс CPM 16
  22. X,Y Плотер, писач
  23. Персонален компјутер
Последна промена ( 22.02.2008 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија