Студии по геотехника 3+2
СТУДИСКА ПРОГРАМА НА втор циклус НА СТУДИИ по Геотехника
3+2
воведена 2013/2014
Карта на магистерската студиска програма за Геотехника
Вид на програма
Академски студии од втор цилкус
Назив на студиската
програма
 
македонски
Геотехника
 
Англиски
Geotechnics
Акроним
Магистерски студии
Институција
предлагач
Градежен факултет при
Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје
Траење
2 години (4 семестри)
ЕКТС
120
Јазик
Македонски
Назив на дипломата
Македонски
Магистер по геотехника
Англиски
Master of Geotechics
Компетенции
 
- Поседува продлабочени знаења од математика, природни науки, компјутерски техники и инженерство, неопходни за сеопфатно и систематско анализирање и решавање на сложени геотехнички проблеми.
- Владее со современи техники на проектирање/димензионирање и ги познава прописите за проектирање и изведба на сложени и комплексни геотехнички конструкции;
- Поседува продлабочени знаења за карактеристиките на теренот и на различните видови почви и карпи врз кои се изведуваат, односно се темелени градежните објекти;
- Способен е да препознава, толкува и решава eдноставни и сложени геотехнички проблеми и критички да ги вреднува можните решенија, почитувајќи ги притоа конструктивните ограничувања дефинирани со прописите, како и барањата за заштита на животната средина;
- Умее да учествува и раководи со процесите на планирање, проектирање, градење, надзор, експертизи и одржувањето на едноставни и сложени геотехнички објекти. Во согласност со законските одредби способен е да учествува во ревизија на проектната документација;
- Способен е да употребува напредни техники, вештини и современи инженерски и компјутерски алатки неопходни за изработка на техничка документација;
- Способен е да планира, организира и раководи со теренски и лабораториски истражувања и да ги анализира и интерпретира резултатите;
- Оспособен е да учествува во процесот на високото образованието, во согласност со законските одредби.
- Поседува способност за идентификација и опишување на условите, идентификација на можните влијанија и генерирање на можните решенија на посложените геотехнички проблеми;
- Го проценува и анализира влијанието на специфичните геотехнички објекти врз животната средина, во глобален и општествен контекст;
- Ја спознава важноста на координацијата на стручниот тим и соодветните ефекти врз квалитетот на конкретната инженерска дејност (проектирање, ревизија, изведба, надзор и одржување).
       
 
Студиската програма за втор циклус студии по геотехника по обем е организирана во согласност со член 99, 105 и 112 од Законот за високото образование во РМ, како и член 23 од Правилникот за прв и втор циклус студии на УКИМ, како :
- двогодишна програма која содржи 120 ЕКТС кредити и се реализира преку редовни студии,
- програма која се состои од четири семестри со 30 кредити по семестар, при што еден семестар се реализира во 15 недели или вкупно 30 недели годишно,
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман,
- вкупното оптоварување на студентите се изразува преку производот на 60 кредити годишно и 30 часа работен ангажман по кредит, што е еднакво со 1800 часа годишно оптоварување. Бројот на часовите годишно оптоварување поделени со бројот на недели во двата семестри (30 недели) го изразува вкупното неделно оптоварување, што за обемот на оваа студиска програма изнесува 60 часови.
- Обемот на вкупниот број часови годишно оптоварување на студентите изнесува :60 ЕКТС годишно х 30 часа работа по ЕКТС = 1800 часа годишно оптоварување 1800 часа годишно оптоварување = 60 часа неделно оптоварување (30 недели) 60 часа неделно оптоварување = 20 часа настава + 40 часа самостојно учење
Студиска програма по Геотехника (Втор циклус 3+2)
Р.Бр
Предмет
Часови/
Неделно
Европски
кредити
Прв семестар
1
Општ изборен 1 од листата на ГФ
3+2
6
2
Математика 2 (*)
3+2
8
3
Вовед во еластичност
3+2
6
4
Посебни проблеми во фундирање
3+2
8
5
Слободен изборен предмет 1 од листа УКИМ
2+0
2
ВКУПНО
13+8
30
Втор семестар
6
Слободен изборен предмет 2 од листа УКИМ
2+0
2
7
Изборен 1 од листата на ГТ
Теориска механика на почви
3+2
6
Изборен 1 од листа на првиот циклус (*)
8
Изборен 2 од листата на ГТ
Земјен притисок и потпорни конструкции
3+2
6
Изборен 2 од листа на првиот циклус (*)
9
Нумерички методи во геотехниката
3+2
8
10
Проценка на ризици во геотехниката
3+2
8
ВКУПНО
14+8
30
ТРЕТ семестар
11
Изборен 3 од листата на ГТ
Реологија на почви и карпи
3+2
6
Изборен 3 од листа на првиот циклус (*)
12
Изборен 4 од листата на ГТ
Стабилност и санација на косини
3+2
6
Изборен 4 од листа на првиот циклус (*)
13
Изборен 5 од листата на ГТ
Геотехнички аспекти на депонии од цврст отпад
3+2
6
Изборен 5 од листа на првиот циклус (*)
14
Геотехничко моделирање
3+2
6
15
Динамика на фундаменти
3+2
6
ВКУПНО
15+10
30
ЧЕТВРТ семестар
16
Пракса
0+6
10
17
Магистерска работа
0+20
20
ВКУПНО
0+26
30
           
 
 
Забелешка (*)Предмет кој е понуден за избор во првиот циклус на студии, со можност доколку не е претходно избран, да се избере и во вториот циклус на студии. Ако е избран во прв циклус, се запишува изборен од Општа група изборни на ГФ
 
Табела 13.2 Изборни група- Геотехника
Р.бр
Шифра
Предмет
Фонд на часови
Европски кредити
Условеност
 
1
ГТ-26
Земјен притисок и потпорни конструкции
3+2
6
Нема
 
2
ГТ-27
Теоретска механика на почви
3+2
6
Нема
 
3
ГТ-19
Геотехнички аспекти за депонии на цврст отпад
3+2
6
Нема
 
4
ГТ-28
Реологија на почви и карпи
3+2
6
Вовед во еластичност
 
5
ГТ-29
Стабилност и санација на косини
3+2
6
Нема
 
6
-
Изборен 1 од листата на ГТ
(на првиот циклус студии)
3+2
6
Нема
 
7
-
Изборен 2 од листата на ГТ
(на првиот циклус студии)
3+2
6
Нема
 
8
-
Изборен 3 од листата на ГТ
(на првиот циклус студии)
3+2
6
Нема
 
9
-
Изборен 4 од листата на ГТ
(на првиот циклус студии)
3+2
6
Нема
 
10
-
Изборен 5 од листата на ГТ
(на првиот циклус студии)
3+2
6
Нема
 
 
 
 
 
 
 
 
Табела 13.3 Општи изборни група ГФ
Р.бр
Шифра
Предмет
Часови
Европски кредити
Условеност
1
ЗА-04
Веројатност и статистика (*)
3+2
6
Нема
2
ЗА-06
Програмирање
3+2
6
Нема
3
А1
Странски јазик (*)
3+2
6
Нема
4
 
Метотологија на истражување
3+2
6
Нема
4
-
Општ изборен 1 од листа на ГФ
3+2
6
Нема
5
-
Општ изборен 2 од листа на ГФ
3+2
6
Нема
6
-
Општ изборен 3 од листа на ГФ
3+2
6
Нема
 
Забелешка (*) Предмет кој е понуден за избор во првиот циклус на студии, со можност доколку не е претходно да се избере и во вториот циклус на стидии
Табела 13.4 Условеност на предмети
Р.бр.
Шифра
П р е д м е т
Фонд на часови
Семсртар
Условеност
1
-
Општ изборен 1 од листата на ГФ
45+30
1
Нема
2
З1-09
Математика 2 (*)
45+30
1
Нема
3
ГТ-06
Вовед во еластичност
45+30
1
Нема
4
ГТ-17
Посебни проблеми во фундирање
45+30
1
Нема
5
-
Слободен изборен предмет 1 од листата на УКИМ
30+0
1
Нема
6
-
Слободен изборен предмет 2 од листа на УКИМ
30+0
2
Нема
7
-
Изборен 1 од листата на ГТ
45+30
2
Нема
8
-
Изборен 2 од листата на ГТ
45+30
2
Нема
9
ГТ-22
Нумерички методи во геотехниката
45+30
2
Нема
10
ГТ-23
Проценка на ризици во геотехника
45+30
2
Нема
11
-
Изборен 3 од листата на ГТ
45+30
3
Нема
12
-
Изборен 4 од листата на ГТ
45+30
3
Нема
13
-
Изборен 5 од листата на ГТ
45+30
3
Нема
14
ГТ-24
Геотехничко моделирање
45+30
3
Вовед во еластичност, Нумерички методи во геотехниката
15
ГТ-14
Динамика на фундаменти
45+30
3
Динамика на почви
16
ГТ-25
Пракса
0+90
4
Нема
17
-
Магистерска работа
0+300
4
Нема
 
 
 
Табела 13.5 Преглед на наставниците ангажирани на студиската програма
Р.бр.
Предмет
Предметен наставник
1
Математика 2 (*)
Доц. д-р Силвана Петрушева
2
Вовед во еластичност
Проф. д-р Љупчо Лазаров
3
Посебни проблеми во фундирање
Доц. д-р Јосиф Јосифовски
4
Проценка на ризици во геотехниката
Проф. д-р Милорад Јовановски
5
Нумерички методи во геотехниката
Проф. д-р Спасен Ѓорѓевски
Доц. д-р Јосиф Јосифовски
6
Реологија на почви и карпи
Проф. д-р Милорад Јовановски Доц.д-р Јосиф Јосифовски
7
Геотехничко моделирање
Проф. д-р Спасен Ѓорѓевски
Проф. д-р Милорад Јовановски
8
Динамика на фундаменти
Доц. д-р Јосиф Јосифовски
9
Земјен притисок и потпорни конструкции
Проф. д-р Спасен Ѓорѓевски
10
Теоретска механика на почви
Проф. д-р Љупчо Димитриевски
11
Геотехнички аспекти за депонии на цврст отпад
Проф. д-р Љупчо Димитриевски
12
Стабилност и санација на косини
Проф. д-р Љупчо Димитриевски
Проф. д-р Милорад Јовановски
Табела 13.6 Преглед на изборност за втор циклус
Р.бр.
Предмети
Број
Застапеност
Услов
1
Задолжителни
7
41%
макс. 60%
2
Изборни (1 општи + 5 насока + пракса + магистерска)
8
47%
мин. 30%
3
Слободни изборни од листата на УКИМ
2
12%
мин. 10%
 
- Предметната програма во првиот семестар е со 3 задолжителни и два изборни предмети, од кои еден е од листата на УКИМ.
- Во вториот семестар 2 предмети се задолжителни, еден е изборен од слободната листа на УКИМ, а два се изборни од насоката за геотехника.
- Предметите имаат за цел да овозможат изедначување на знаењата на основната материја имајќи предвид дека уписот на студиите нема рестриктивност.
- Првата студиска година содржи вкупно 10 наставни предмети, од кои 5 се задолжителни, а другите изборни.
- Третиот семестар содржи вкупно 5 предмети од кои 2 се задолжителни и 3 се изборни. од насоката за геотехника.
- Четвртиот семестар е посветен на праксата и изработката на магистерската работа, кои се избираат кај одреден ментор.
- Студиската програма има вкупно 17 предмети – 7 задолжителни и 10 изборни, од кои два се од слободната листа на УКИМ.
Задолжителните предмети имаат вкупно 52 ЕКТС, а изборните предмети заедно со магистерскиот труд имаат вкупно 68 ЕКТС, или сите предмети заедно со магистерскиот труд имаат вкупно 120 ЕКТС. Процентот на кредити коишто можат да се избираат изнесува 56% од вкупниот број на можни ЕКТС.
Слободните изборни предмети се избираат од универзитетската листа на УКИМ.
Програмата на студии ќе се реализира на македонски јазик, во согласност со член 103 од Законот за високо образование на РМ.
Преку изборните предмети, студентите ги реализираат своите сопствени афинитети во областа на истражувањето. Сите предмети се едносеместрални со соодветен број на ЕКТС кредити при што еден кредит одговара на 30 часови активности на студентите. Структурата на студиската програма е усогласена со европските стандарди во поглед на условите на упис, начин на студирање, траење на студиите и стекнување на дипломите, како и во согласност со националната легислатива Законот за високо образование на РМ и Правилникот за прв и втор циклус на студии на УКИМ. Покриеноста на наставните материи е дадена во во продолжение.

Последна промена ( 20.02.2014 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија