Лабораторија за геотехника

Последната фазана развој на лабораторијата е поврзана со добивањето на донација од страна на Владата на СР.Германија во 1997 година, кога постојнатае дополнета со најсовремена опрема за теренски и лабораториски комплексни геотехнички истражувања и испитувања. Со оваа трета фаза во развојот на катедрата, таа со лабораториската и теренската опременост со право се вбројува во најопремените геотехнички центри не само на Балканот, туку и во Југоисточна Европа.

Во моментов лабораторијата поседува опрема за следните испитувања:

а) Лабораториски испитувања на почвени материјали

  • Комплетна опрема за класификациони испитувања

  • Опрема за испитување на деформабилните карактеритики на почвите

  • Опрема за испитување на деформабилност на грубозрни почви во голема мерка

  • Опрема за испитување на јакоста на смолкнување на почвите во услови на триаксијална компресија и со директно смолкнување (со можност за испитување на различни димензии на пробни тела од кохеретни и некохерентни материјали)

  • Опрема за динамички испитувања на почвите

  • Лабораториска крилна сонда, џепен пенетрометар, комплет на сушари и др.

  • Лабораториски испитувања на водопропустноста со контантен и променлив притисок

  • Лабораториски испитувања на калифорниски индекс на носивост (CBR)-апарат за директно смолкнување на грубозрни материјали во голема мерка со димензии 1*1 *0.6 метри

б) Теренски испитувања на почвени материјали

  • Статички пенетрометар со капацитет од 10t, производство на Gouda-Холандија

  • Menard-ов пресиометар за испитување на деформабилноста на почвите

  • Oпит со плоча

  • Вертикален мобилен инклинометар за мерење на поместувања на нестабилни терени

  • Теренско испитување на калифорниски индекс на носивост (CBR)

в) Лабораториски испитувања на карпи

  • Kомплетна апаратура за припрема на пробни тела за карпи (машини за сечење, дупчење и полирање на примероци)

  • Преса за испитување на едноаксијална и триајксијална јакост на карпите со можност за прилагање на вертикален товар до 300 тона, и бочни притисоци до 70 бара, со различни димензии на ќелии за триаксијални испитувања на карпи

  • Испитување на трајност на карпите (slake durability test)

  • Опрема за мерење на тврдината со Шмитов чекан (Schmid hamer)

  • Hoek-ова кутија за директно смолкнување вдолж пукнатини

г) Теренски испитувања на карпи

  • Комплет преси и пумпи за испитување на деформабилност и јакост на смолкнување на блокови-штампови

  • Опрема за испитување на јакост на монолити со точкасто оптеретување, производство на фирмата Interfels - Germanija (Franklin-ова преса)

  • Сондажен дилатометар тип IF096, производство на Interfels -Германија, за испитување на деформабилноста на карпите во истражни дупнатини

  • Опрема за рефракциони сеизмички геофизички испитувања

  • Опрема за геоелктрични испитувања

 

Последна промена ( 01.11.2011 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија