Пребарување

Анкета

Конкурс за Еразмус+

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

На конкурсот можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку во втора година на студии.

За конкурирање неопходно е познавање на странски јазик, а оние кои немаат интернационално призната диплома за тоа, треба да полагаат контролен испит. Tермините на одржување на контролните испити по странски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, се следни:

- англиски јазик - 24, 25, 28, 29 и на 30 април 2014 г. од 11 часот; од 5 до 9 мај и од 12 до 15 мај од 11 часот

- германски јазик - 25 април и на 6 мај 2014 г. од 11 часот

 

- италијански јазик - 28 април и 5 мај 2014 г. од 11 часот

 

- француски јазик - 7 мај 2014 г. од 11 часот

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.

По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка.

За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, заинтересираните да се обратат во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Контакт-телефон: 02 32 40 436


Конкурс за академската 2014/2015 год.
Координатор-Методиј Зајкоски

Последна промена ( 30.04.2014 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија