Хидро лабораторија

Image
Слика 1
За потребите на наставата во рамките на Катедрата во 1968 година е формирана Хидрауличката лабораторија со инсталација за нагледна симулација на различни феномени на течење и мерење во согласност со наставните програми од предметите хидраулика и хидрологија. Во периодот 1975-1977 година лабораторијата се опремува со електронски мерни уреди за мерење на динамички процеси и процеси променливи по време и ја проширува својата дејност не само за потребите на наставата, туку и за потребите на науката и стопанството.

Image
Слика 2
Во последните 25 години во оваа лабораторија се испитувани на физички модели речиси сите позначајни хидротехнички објекти во земјата. Така, со оваа дејност Катедрата помогнала во оптимално проектирање на голем број хидротехнички објекти и во подобрување на работата на веќе изградените системи. Вакви истражувања се спроведени за придружните објекти на браните: Стрежево, Шпиље, Козјак, Луково Поле, Бошков Мост, Чебрен, Палиград, Кнежево. Специјалност на хидрауличката лабораторија се физичките модели за рушење на брана со определување на хидрауличките последици од пропагација на поплавниот бран во долината низводно. Освен во хидрауликата, хидрауличката лабораторија ја проширува својата дејност и со хидрометријата преку мерења во природа на зафатни објекти и природни водотеци. Со овие мерења се формира солидна база на податоци за управување со расположливите водни ресурси и еколошко моделирање со цел квантитативна и квалитативна заштита на животната средина. Основните цели на хидрауличката лабораторија се:
Image
Слика 3

  • помош во совладувањето на основниот наставно-образовен процес преку демонстрирање на различни феномени на течење и методи на мерење
  • калибрирање и верификација на математички модели во рамките на научните проекти, магистерски и докторски тези
  • мерање и набљудување во природа на брзини, протеци, притисоци, ерозија
  • испитување на работата на шахтни преливници, тунели, брзотеци, влезни градби, темелни испусти, затварачници, бучници, водостани, одводни вади.

 

Последна промена ( 03.11.2011 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија