ЕКТС

Европска иницијатива за соработка во областа на високото образование

  • Магна карта на универзитетите од Европа ја потпишаа 484 ректори од Европа, во Болоња 1988 година
  • Конвенција за признавање на квалификациите што се однесуваат на високото образование во европскиот регион, министерска конференција, под покровителство на Советот на Европа и УНЕСКО, Лисабон, 1997година
  • Заедничка декларација на европските министри за образование, која ја потпишаа министри на 29 земји, Болоња, 1999година
  • Декларација за опшествените и ѓраѓанските одговорности на универзитетите, Салцбург, фебруари, 2001година
  • Конвенција на европските високообразовни институции, Прага, мај, 2001година

Европски кредит трансфер систем

  • Основна идеја на европскиот кредит трансфер систем е формирање на отворена европска зона на високото образование, во рамките на која, студентите и наставниците ќе можат да се движат без пречки.
  • Самиот ЕКТС е разработен и предложен од Европската комисија, со цел да се обезбеди едноставна процедура која би гарантирала академско признавање на студиите надвор од матичната институција.

Принцип на кој е базиран европскиот кредит трансфер систем

  • Основниот принцип на кој е базиран ектс е взаемната доверба помеѓу високообразовните институции кои го прифатија и учествуваат во овој систем

Основни елементи на европскиот кредит трансфер систем

  • информации ( за студиските програми)
  • договор ( помеѓу институцијата домаќин и институцијата гостин)
  • ЕКТС кредити ( доделени на поедините предмети од студиските програми)

Основни документи со кои се операционализира ЕКТС

  • пакет на информации
  • пријава/договор за студирање
  • транскрипција на персоналното досие на студентот

Пакет на информации

Тоа е документ кој ги содржи сите релевантни иформации кои му се потребни на студент заинтересиран за студирање на соодветната високо образовна институција

  • видови на студии (додипломски, последипломски, докторски)
  • студиски насоки (соодветни студиски програми)
  • предметни програми (детален опис на содржината, начинот на изведување на наставата, литература, јазик на кој се изведува наставата критериуми за оценување, ЕКТС кредити)
  • организациона поставеност на институцијата (раководење, координатори, катедри, оддели)
  • наставен кадар (референци на секој наставник, информации за контакт)
  • начинот на пријавување
  • информации релевантни за престојот во соодветната земја и институција (визен режим, сместување, здраствено осигурување )

Пријава/Договор за студирање

  • Предуслов, студент дел од своето студирање, еден семестар или една академска година, да го помине во друга високо образовна институција, а притоа резултатите од студиите му бидат признаени кога ќе се врати во матичната институција е постоење на билатерален договор за соработка помеѓу двете институции

Транскрипција на персоналното досие на студентот

  • За да се олесни признавањето на резултатите од судирањето од една во друга институција неопходно е секој студент да има персонално досие во кое детално ќе бидат опишани обемот но и квалитетот на неговиот труд во соодветната.

ЕКТС кредити

  • ЕКТСкредити се нумерички вредности кои се доделуваат на поедините предмети за да го опишат обемот на работа неопходен за негово совладување.
  • ЕКТС кредити не се мерка на за квалитетот на завршената работа, за таа цел и понатаму служи важечкиот систем на оценување(кој е различен во различни земји)
  • ЕКТС кредити на поедините предмети се доделуваат во зависност од обемот на работа на предметот во однос на вкупната работа потребна за завршување на еден семестар или една академска година
  • Според предлогот на Европската комисија вкупниот обем на работа за успешно завршување на еден семестар изнесува 30 кредити, т.е. вкупниот обем на работа за успешно завршување на една академска година изнесува 60 кредити

Концепциска и организациона компатибилност со европскиот модел за високо образование

 

Организациона компатибилност

  • Додипломски студии
  • Последипломски студии (магистерски)
  • Докторски студии

Концепциска компатибилност

  • континуирано учење (средство тоа да се обезбеди е континуираното оценување; на посетеноста на наставата, изработка на задолжителни задачи, периодични тестови, писмен испит, завршно оценување)
  • флексибилност на студиските програми(воведување на изборни и опциони предмети)
  • извесна самостојност на студентот како субјект во образовниот процес

 

Последна промена ( 20.03.2008 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија