Лабораторија за геодезија

Image
Теодолит Voger (1898)
Лабораторијата по геодезија е формирана во 1948 година, заедно со почетокот на предавањата по геодезија за студентите од тогашниот технички факултет. Најнапред, лабораторијата содржела неколку најстари конструкции на теодолити, добиени од државните геодетски институции на повоена Југославија.
Геодетската лабораторија постепено се збогатува со нови конструкции на геодетски инструменти и прибори откако предавањата по геодезија ги превзел проф. д-р Диме Лазаров. Тогаш е назначен и првиот лаборант Ѓорѓи Настов геодет, кој под раководство на проф. Лазаров придонесува за развој на лабораторијата и нејзино издигнување на повисоко рамниште.

Постојаното збогатување на геодетската лабораторија со понови и посовремени геодетски инструменти доведува до фактот да во осумдесетите години од минатиот век таа се смета за најопремена лабораторија на Балканскиот полуостров.

Image
Leica TC 1610
Започнувањето на студиите од прв степен по геодезија во 1977 година, и необновувањето на постојниот фонд на инструменти со нови и посовремени конструкции е причина што денес лабораторијата по геодезија располага со одреден број стари и класични инструменти, кои ни оддалеку не ги задоволуваат потребите за изведување на наставата од целосните студии по геодезија.

 

Последна промена ( 02.04.2008 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија