Компјутерска училница

Во текот на 2002 год. е извршена реконструкција на постоечката училница на Градежниот факултет од информатички аспект со воведување на повеќе нови технологии и тоа:

  • инсталaција на сервер под оперативен систем Windows 2003

  • инсталација на терминалски сервиси

  • инсталација на веб сервер

  • инсталација на proxy сервер за пристап на интернет

  • инсталација на софтвер на изведување на виртуелна настава

  • инсталација на апликативен софтвер за изведување на наставата и други услужни апликации

  • дефинирање на работна околина за наставниците и студентите

Придобивки

  1. Со инсталацијата на Windows 2003 server се изврши централизирање на ресурсите и се постигна единствена точка на администрација на учесниците во наставниот процес.

  2. Со примена на на терминалските сервиси од Windows 2000 server се овозможи нов концепт на работењето кој накратко се состои во следното:

    • локалните PC се третираат како терминали, т.е. апликациите се извршуваат комплетно на серверот, додека кај клиентите само се пренесува слика

    • за клиентите не се потребни моќни компјутерски конфигурации

  3. Со воведување на веб сервер во училницaта се овозможи да корисниците ги добиваат информациите околу наставниот процес на единствено и лесно достапно место видливо од секаде. Сајтот во моментов е во интезивна изградба и функционира во склоп на официјалниот сајт на факултетот www.gf.ukim.edu.mk

  4. Со воведувањето на Proxy server, се овозможи пристап на интернет на сите компјутери од училницата преку една IP адреса, со што се ослободија додатни адреси за други потреби. Исто така мрежата во училницта се изолираше од останатата мрежа

  5. Имплементацијата на софтверот за виртуелна настава овозможи нов квалитет и концепт на реализација на предавањата и вежбите при што слушателите можат да ги следат активностите на компјутерот на учителот истовремено секој на својот десктоп. Со ова се остварени повеќе придобивки:

    • креирање на виртуелни училници

    • набљудување на работата на студентите

    • дистрибуција и превземање на датотеки

    • превземање на контрола за помош

    • стартување на една апликација кај сите студенти истовремено

  6. За потребите на предавањата и вежбите се инсталалирани повеќе апликации кои со користењето на терминалските сервиси се достапни независно од компјутерот или локацијата.

  7. За да имплементираните технологии коректно се користат, се изврши дефинирање на работна околина за наставниците и студентите. Со примена на вакви политики секој учесник во наставниот процес доби свој налог со автентикација како и свој припаѓачки профил. Ова значи дека ресурсите кои се користат во наставниот процес се на располагање само на лицата кои имаат дозвола за тоа.

Последна промена ( 15.10.2011 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија