Фондација за стипендирање студенти

Фондацијата е основана со Одлука донесена на 309 седница на ННС на Градежниот факултет од 20.05.2004 година. Како основни цели и задачи на Фондацијата беа наведени:

- овозможување на подобри услови за студентите на Градежниот факултет

- стипендиите да бидат дополнителен мотив за поуспешно студирање и обезбедување на квалитетен стручен кадар способен да одговори на предизвиците на современото градежништво

- фондацијата да претставува форум преку кој фирмите од градежната индустрија ќе можат да ги изнесат своите видувања за образувањето на новите кадри согласно на нивните актуелни потреби.

Фондацијата беше основана врз основа на донацијата на основачот, Градежниот факултет, и уште 11 фирми донатори. Со основачката одлука беше формиран и Управниот одбор на Фондацијата од 13 члена кој на седницата на 25.06.2004 година го донесе Статутот на фондацијата и Програмата. Според усвоенит статут за претседател на Фондацијата беше избран тогашниот декан на Градежниот факултет проф. д-р Санде Атанасовски. Така започна да се реализира една доблесна идеа.

Основањето на фондацијата, почетокот на нејзината работа и остварувањето на нејзината програма се совпадна со воведувањето на ЕКТС во студиските програми на Градежниот факултет, во 2004/05 година. Во таа учебна година беа доделени 29 стипендии на студентите кои беа највисоко рангирани при уписот.

Во меѓувреме, Управниот одбор ги дефинираше и критериумите за задржување на стипендијата: Студентот да ги ефектуира сите 60 кредити од предметната учебна година заклучно со септемвриската испитна сесија, и да покаже среден успех поголем од 8.00. Со оваа одлука беше нагласена основната цел на Фондацијата, да ги стипендираат, односно стимулираат, најуспешните студенти.

Фондацијата усвои и одлука да нема никаква условеност во релацијата стипендисти - донатори. Со ваквата политика стипендиите од Фондацијата добија чисто стимулативна димензија за поуспешно студирање и подигање на атрактивноста за студирање на Градежниот факултет, со крајна цел: придонес во развојот на градежништвото.

Во наредната академска година 2005/06 условот да ја задржат стипендијата го исполнија 10 студенти, а на новозапишаните студенти им беа доделени 19 стипендии.

Во 2006/07 година сите 10 студенти на генерацијата 2004/05 ги исполнија условите да ја задржат стипендијата. Од 19-те стипендисти на генерацијата 2005/2006 година услов за задржување на стипендијата исполнија 12 студенти, а на новата генерација им беа доделени 11 стипендии.

Во учебната 2007/08 академска година беа доделени 13 стипендии на новозапишаните студенти.

Подолг период, интерсот на младите за изучување на техничките науки е намален. Бројот на запишани студенти на Градежниот факултет е под нивото потребно за продукција на високообразован кадар во склад со потребите на нашето градежно стопанство и институциите од јавниот сектор. Од година во година се повеќе се забележува дефицитот на дипломирани градежни и геодетски инженери. Во периодот кој следи овој дефицит ќе биде уште понагласен. Максималните размери можат да се очекуваат со нашата интеграција во Европската унија. Тоа е појава во земјите од нашиот регион и треба да биде јасен знак за стратегијата која ние треба да ја градиме во развојот на нашето градежништво.

Фондацијата за стипендирање на студентите по градежништво и геодезија и нејзината програма се во контекст со стремежот за одржување и натамошен развој на градежништвото како стопанска гранка во која имаме долга традиција и со чии достигнувања можеме да се гордееме.

Денес на Градежниот факултет се одвиваат студиите по градежништво, на трите насоки: конструктивна, хидротехничка и насоката за патишта и железници, студиите по геодезија и студиите по геотехника.

Градежниот факултет во Скопје, како единствена високообразовна установа од областа на градежништвото и геодезијата кај нас, има обврска да образува високостручен кадар кој со своите вештини и компетенции ќе биде способен да одговори на задачите и на развојните токови во струката. Исполнувањето на оваа обврска, меѓудругото, бара и соработка со градежните фирми и институциите на системот. Градежниот факултет секогаш бил и ќе остане отворен за соработка, отворен за сите позитивни идеи и развојни планови кои можат да придонесат во квалитетот на студиите, стручното обликување и насочување на идните дипломирани инженери.

Фондацијата е еден од формите и можностите за меѓусебна соработка на Факултетот со градежните фирми и институти во остварувањето на заедничките цели.

Последна промена ( 07.06.2010 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

AEGEE


 

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија