Модел на последипломските студии

Последипломските студии на Градежниот факултет ќе се реорганизираат за студиските програми по градежништво и по геотехника. На после-дипломските студии по градежништво ќе бидат застапени три насоки: програми:

- конструктивната насока,

- хидротехничката насока

- насоката за патишта и железници.

Последипломски студии ќе се организираат како редовни студии, во согласност со критериумите на ЕКТС.

1.1 Последипломски студии по градежништво

Времетраењето на студиите е 1 година (2 семестри) со вкупно 60 кредита. Во првиот семестар ќе се изведува настава, додека вториот семестар е предвиден за следење настава и израбока на магистерски труд. Вкупниот број предметни програми иснесува 6 (шест), од кои во првиот семестар се следат 5 (пет) предмети, а во вториот семестар се следи само 1 (еден) предмет и се изработува магистарскиот труд. Сите предметни програми се изборни и истите се групирани во три групи. Првата група ја сочинуваат општите предмети, додека во втората група се стручните предмети по насоки (поделени во три подгрупи) со кои се дефинира насочувањето на студентите. Во третата група се изборни предмети од другите последипломски студиски програми кои се држат на Градежниот факултет. Во првиот семестар најмногу 2 (два) предмети се бираат од групата општи предмети(група I), или од друга насока (група II), или од друга последипломска студиска програма која се држи на Градежниот факултет (група III-геодезија или геотехника), а останатите предметни програми се бираат од соодветната насока, односно го дефинираат потесното насочување на студентот.

1.2 Последипломски студии по геотехника

Времетраењето на студиите е 2 години (4 семестри) со вкупно 120 кредита. Во првите три семестра ќе се изведува настава, додека четвртиот семестар е предвиден за следење настава и израбока на магистерски труд. Вкупниот број предметни програми иснесува 16 (шеснаесет), од кои 15 (петнаесет) се распределени во првите три семестри, додека во четвртиот семестар се следи само 1 (еден) предмет и се изработува магистарскиот труд. Изборните предмети изнесуваат 37.5% од вкупно предвидениот број на предметни програми и истите се групирани во три групи.

1.3 Посебни последипломски студии во рамки на меѓународни проекти

На Градежниот факултет, во рамки на прифатени меѓународни проекти (ТЕМПУС проекти и сл.), можат да се организираат и други студиски програми за последипломски студии, кои може да се изведуваат и на англиски јазик, под услов истите да имаат поддршка од Факултетот и Универзитетот и да ја поминат постапката за акредитација.

1.4 Посебни последипломски студии по барање на јавен и приватен сектор

На Градежниот факултет може да се организираат и посебни после-дипломски студии по барање на јавниот и приватниот сектор, од областите кои ги покрива Градежниот факултет, за кои се спроведува истата процедура. Финансирањето целосно ќе биде покриено од барателот за организи-рање на овој вид студии. За конкретна реализација на истите се потпишува договор во кој се дефинира: називот на студиите, минималниот број на студенти и материјалните трошоци засите фази на реализација.

1.5 Правила за активирање на студиските програми

При активирање на студиските програми треба да бидат запазени следните правила:

- студиската програма треба да биде одобрена (акредитирана),

- студентите се запишуваат на соодветна студиска програма,

- студиската програма се активира во зависност од интересот за програмата,

- одлуката за активирање на студиската програма ја носи Наставно-научниот совет на Факултетот, на предлог на Деканатската управа.

1.6 Правила за активирање на наставни предмети

Редовна настава ќе се реализира за наставните предмети каде што се пријавени најмалку 5 студенти.

Последна промена ( 20.02.2014 )
 
  • English
  • Македонски
© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија