Услови за запишување

На последипломските студии по градежништво имаат право да се запишат кандидатите со завршени додипломски студии по градежништво по модел 4+1+3 од соодветната насока. На последипломските студии по геотехника имаат право да се запишат кандидатите со завршени додипломски студии по геотехника по модел 3+2+3, или со завршени додипломски студии по градежништво по модел 4+1+3, во кој случај се утврдува еквивалентност на предметните програми. И на двете студиски програми може да се запишат и кандидати кои имаат завршено петгодишни додипломски студии по градежништво. Доколку во студиската програма се вклучени предметни програми кои се изучувани во соодветен обем и содржина на додипломските студии кои ги завршил, кандидатот може да бара признавање на одреден број на кредити. Одлука за признавање на кредитите носи Наставно-научниот совет на факултетот на предлог на Комисијата за последипломски студии. За студентите кои студиите ги завршиле на друг факултет се предлага да се применува досегашната пракса на упис на последипломски студии. Условите и критериумите за запишување, како и бројот на запишаните студенти ќе се дефинираат во Конкурсот за запишување.

Последна промена ( 20.02.2014 )
 
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија