Пребарување

Анкета

Reference Details
Чурилов, Сергеј (2007), "Експертен систем за процена на сеизмичка повредливост на ѕиданите конструкции".

Abstract:
Во овој труд претставен е еден можен начин за процена на сеизмичката повредливост на ѕиданите конструкции со посебен осврт на нискокатните резиденцијални објекти во Македонија. За таа цел, предложено е формирање алатка која содржи одредено знаење за ѕиданите конструкции, добиено со нумерички пресметки и анализи. Целта на оваа алатка е да биде едноставна за користење, дури за кадар со мало или никакво познавање на однесувањето на ѕиданите конструкции при сеизмички влијанија, така што би можела да се развие во сериозен систем за брзо и квалитетно определување на состојбата во која се наоѓаат објектите во еден поширок регион. Во трудот, предложен е нумерички модел за пресметување на носивоста на конструкцијата кој се базира на методот на дискретни елементи, што претставува прва примена на релативно нова нумеричка техника за пресметување на ѕидаријата во Македонија. Исто така, прикажан е начин за формирање на базата на знаење за експертниот систем предложен преку дадената методологија. Резултатите добиени со примена на оваа методологија применети се на еден реален објект.

Keywords:
експертен систем, ѕидарија, ѕидани конструкции, сеизмичка повредливост, метод на дискретни елементи, UDEC, микро-моделирање
  • English
  • Македонски

УЧЕБНА
2017/20
18

УПИСИ
2017/201
8

ПРЕЗЕМАЊА


UKIM
Распоред на часови и покриеност на настава



Распоред на испити



Календар на активности 2017-2018









Основна литература


 

Упатство за студенти

© 2008, Градежен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Македонија